Утрото започнува мирно и организирано, без потреба вие да се приспособувате на домот – затоа што домот веќе е приспособен на вас. Светлината е пријатна, температурата совршено избалансирана, а на големиот 21-инчен дисплеј на Samsung Family Hub фрижидерот ве пречекуваат рецепти, календар, список за пазарење и јасен преглед на намирниците. Сè е на свое место и подготвено навреме, како дискретен асистент што секојдневно го олеснува животот. Тоа е SmartThings – паметниот екосистем што ги обединува уредите во домот во една интелигентна, складна целина.
Фрижидерот повеќе не е само апарат, туку активен партнер во организацијата на секојдневието. Благодарение на вградените камери и AI Vision технологијата, состојбата на намирниците е достапна директно на мобилниот, дури и кога сте во маркет. SmartThings ве известува ако вратата е подотворена или ако температурата има потреба од корекција, додека AI Energy Mode овозможува намалување на потрошувачката на енергија до 10%. Twin Cooling Plus системот ја зачувува свежината и идеалната влажност, а металниот систем на ладење обезбедува стабилна температура – сето тоа спакувано во модерен дизајн што ја освежува кујната.

Истата паметна логика се пренесува и во просторот за перење. Samsung машината за перење со предно полнење, со поддршка на AI Home и SmartThings, ги анализира вашите навики и автоматски ги прилагодува програмите според типот на ткаенина. Со AI Energy Mode се постигнува заштеда на енергија до 70%, додека Less Microfiber циклусот го намалува испуштањето микропластика за 54%. Кога циклусот ќе заврши, добивате тивко известување на телефонот – без прекини и без грижи.
Сите уреди поврзани преку SmartThings функционираат како еден организиран систем што го следи вашиот животен ритам. При излегување од дома, уредите што не се потребни автоматски се исклучуваат, а при враќање, светлината, температурата и амбиентот ве пречекуваат подготвени токму според вашите навики. Контролата е едноставна и централизирана во една апликација, со неколку допири.
Samsung SmartThings ја поставува новата дефиниција за современо домување – поврзано, интуитивно и создадено да работи во ваша корист. Домот станува сојузник кој секојдневно ви штеди време и енергија.

Искористете ја промоцијата која трае до 31.12. и добијате подарок
Предновогодишното расположение уште повеќе се разгорува со промотивната понуда на Самсунг, и искористете при купување на одбрани модели на Самсунг фрижидери или машини за перење и добијте микробранова печка на подарок. Сега е најубавото време за прекрасни подароци!



