Претстојниот Phone Fold на Apple планиран за следната годибна конечно е прикажан на првиот CAD рендер. Ова беше објавено заедно со рендери наменети за производителите на футроли и друга дополнителна опрема, кои откриваат навистина необични димензии на уредот.
Како што претходно се „шушкаше“, Apple сакал да осигури дека внатрешниот екран нема да биде квадратен и дека, кога корисникот ќе го отвори телефонот, уредот ќе биде во пејзажен режим. Ова би можело да обезбеди компатибилност со iPad апликации уште од првиот ден, без потреба програмерите да прават какви било модификации, но засега станува збор за нагаѓања.

Внатрешниот преклопен екран на iPhone Fold има дијагонала од 7,76 инчи и резолуција од 2.713 × 1.920 пиксели. Тука е и надворешен екран од 5,49 инчи со резолуција од 1.422 × 2.088 пиксели, што резултира со необичен сооднос на страните. Димензиите на iPhone Fold се 120,6 × 83,8 × 9,6 мм кога е преклопен, односно 120,6 × 167,6 × 4,8 мм кога е расклопен.

Исто така, може да се забележи контурaта на селфи камера вградена во главниот екран, додека на надворешниот екран ќе има кружен отвор (punch-hole) за селфи камерата. Претстојниот iPhone Fold ќе има две задни камери распоредени во овална лента, слична на онаа кај iPhone Air.

Apple-овиот iPhone Fold би можел да биде претставен во септември, но повеќе неодамнешни гласини тврдат дека нема да се појави на пазарот пред почетокот на 2027 година.



