ЕВИ Интернатионал Траде, една од водечките компании во регионот во сегментот за дигитално печатење, го претставува својот нов визуелен идентитет, како дел од стратегискиот развоен процес што се поклопува со 35-годишнината од постоењето на брендот. Овој значаен јубилеј ја одбележува трансформацијата на компанијата од локална семејна фирма основана во 1990 година, до реномиран партнер со интернационално портфолио, распространет систем на дистрибуција и силно позиционирање на пазарот.
Новиот дизајн на логото претставува резултат на внимателна анализа на пазарните трендови, потребите на клиентите и насоката во која дигиталната индустрија се развива глобално. Со прочистена геометрија, современа палета и визуелни елементи што го одразуваат динамичниот карактер на брендот, новото лого ја симболизира трансформацијата што компанијата ја прави за да ја засили својата конкурентност и да се адаптира на новите стандарди во визуелната комуникација.

ЕВИ Интернатионал Траде во последните децении изгради портфолио кое ги вклучува најреномираните светски производители на дигитални печатачи, решенија за продукциско печатење, графичка опрема и специјализирани материјали. Компанијата денес е препознатлива по високото ниво на компетентност, стабилност и постојано инвестирање во едукација, сервис и техничка експертиза.
Портфолио на врвни глобални брендови
ЕВИ Интернатионал Траде има етаблирано портфолио кое се состои од водечки светски брендови за дигитално печатење и документациска технологија. Во рамките на својата дистрибуција, компанијата нуди решенија како за канцелариско така и за продукциско печатење од брендовите: Konica Minolta, FUJIFILM, Triumph-Adler, OKI, како и уреди со технологија за дигитално архивирање од брендот CZUR, поддржани со бројни можности за процесирање на документите со помош на AI технологија. Сите производи кои се дел од портфолиото на ЕВИ се дизајнирани да одговорат на највисоките стандарди на секоја индустрија соодветно.

Компанијата не само што обезбедува напредни хардверски решенија, туку нуди и софтверски решенија во принтинг системот, со цел олеснување на работниот тек и заштеда на времето на вработените. Покрај тоа, ЕВИ нуди комплетна сервисна поддршка, потрошни материјали и резервни делови за сите застапени брендови, со што се овозможува стабилна, долгорочна функционалност на уредите и оптимален квалитет на отпечатокот.
Единствената „обврска“ на клиентот е само да ги користи предностите на избраните услуги.

Промената го задржува духот на ЕВИ Интернатионал Траде – истрајност, сигурност и професионалност, но истовремено воведува модерни, технолошки инспирирани елементи кои ја одразуваат ориентацијата кон иднината. Со редизајнот, компанијата настојува да ја изрази својата мисија: создавање квалитетни и иновативни решенија „низ призмата на очите на луѓето“ кои секојдневно се потпираат на професионална опрема, сервис и поддршка. Ребрендирањето претставува логичен чекор во овој континуиран развој. Со освежена комуникациска стратегија, компанијата поставува основи за: зголемена видливост на меѓународниот пазар, јакнење на партнерства со глобални брендови, интензивирање на дигиталните канали и современи маркетинг алатки, подобра комуникација со постојните и новите клиенти, презентација на поединечни сегменти од работењето на појасен, професионален и конзистентен начин.
Сервисна поддршка и брза респонсивност при дефекти
Еден од најсилните столбови на компанијата е сервисниот сектор, кој веќе 35 години претставува клучен фактор за довербата што ја ужива на пазарот. ЕВИ Интернатионал Траде располага со обучен тим од сертификатирани техничари, современа сервисна инфраструктура и систем за брза интервенција при дефекти. Брзата респонсивност и редовната превентивна поддршка овозможуваат минимални застои во работењето на клиентите, што е особено значајно за компании и институции кои зависат од висок степен на продуктивност.

Компанијата нуди модели и системи што одговараат на различни категории корисници — од компактни и економични уреди за мали канцеларии и стартапи, до напредни, високоиздржливи системи наменети за големи корпорации, печатници и индустриски производствени процеси. За специфични потреби, ЕВИ Интернатионал Траде развива и индивидуално креирани решенија, изработени по барање на клиентите, со цел да се постигне максимална ефикасност, продуктивност и технолошка оптимизација.
Повеќе од три децении, ЕВИ Интернатионал Траде успева да остане присутна, релевантна и препознатлива благодарение на долгогодишната доверба што ја гради со индустриските партнери, компаниите од графичкиот сектор и бројните професионалци што се потпираат на квалитетна технологија и поддршка. Новиот визуелен идентитет претставува важен момент во развојот на брендот и јасен сигнал дека компанијата продолжува да се движи напред — модерно, одговорно и со визија.

