Asus ProArt GoPro Edition ќе биде нов робустен лаптоп во понудата на Asus, а ќе има и наменско GoPro копче. Повеќе детали ќе бидат откриени на CES во јануари.
Asus најави дека следната година ќе претстави нов лаптоп развиен во соработка со GoPro, познатиот производител на акциски камери. Станува збор за специјална верзија на лаптоп од линијата ProArt, која е првенствено наменета за креатори на содржина што работат на терен и во попредизвикувачки услови.
Според краткото видео што Asus го објави на социјалната мрежа X, лаптопот ќе биде фокусиран на зголемена издржливост и преносливост, што значи дека ќе има нешто поробусна конструкција во споредба со стандардните модели. Интересен детал е и наменското GoPro копче на куќиштето, за кое сè уште не е познато каква точно функција ќе има.

Повеќе детали за спецификациите на овој лаптоп се очекуваат на почетокот на 2026 година, кога ќе биде официјално претставен на CES 2026 саемот во Лас Вегас.

