LG Display на саемот CES 2026 ќе го прикаже првиот 27-инчен 4K OLED монитор со RGB stripe матрица и 240 Hz освежување
Компанијата LG Display објави дека на саемот CES 2026 ќе го претстави првиот OLED панел во светот кој користи RGB stripe распоред на подпиксели, во комбинација со освежување од 240 Hz.
RGB stripe, кој ги распоредува црвената, зелената и сината боја паралелно, е познат по помалото изобличување и заматување на боите при гледање од близина, но досега беше ограничен на максимум 60 Hz, што го правеше неупотреблив за посериозен гејминг.
RGB stripe OLED пристигнува во 240 Hz верзија за гејминг монитори
Новиот 27-инчен 4K OLED панел ја задржува RGB stripe матрицата, но значително ја зголемува брзината на освежување на 240 Hz, што го прави погоден за брзи сцени во FPS игри и други динамични содржини.

Покрај тоа, овој монитор користи специјална Dynamic Frequency & Resolution (DFR) технологија која му овозможува на корисникот директно префрлување помеѓу различни работни режими: ултра висока резолуција 4K/240 Hz и висока резолуција со високи вредности на освежување на екранот 1080p/480 Hz.
Дополнително, панелот е оптимизиран за приказ во Windows околина, оперативни системи и прикажување на фонтови, со висока читливост и прецизна репродукција на боите. Со густина од 160 ppi овозможува исклучително детална слика.
Според планот на компанијата, оваа технологија најпрво ќе пристигне во премиум гејминг монитори и професионални модели, а подоцна ќе се прошири и на други сегменти и производи.


