Идниот преклопен флегшип смартфон на Samsung, Galaxy Z Fold 8 носи практични подобрувања кои јасно го издвојуваат од претходната генерација.
Samsung Galaxy Z Fold 8 претставува генерациски исчекор во сегментот на телефони со преклоплив екран, со унапредувања што директно ги адресираат ограничувањата на претходниот модел. Најавен е премин кон батерија со капацитет од околу 5000 mAh, што е значително зголемување во однос на 4400 mAh кај Galaxy Z Fold 7. Овој раст на капацитетот е особено важен за корисниците кои уредот го користат за мултитаскинг, игри или професионални апликации во текот на целиот ден.
Големо внимание е посветено и на внатрешниот екран. Samsung наводно применува нова техника на ласерско дупчење на металната плоча под панелот, со што се намалува видливоста на наборот. Со тоа се добива порамна површина и чувство на затегнат, квалитетен приказ, што го подобрува искуството при гледање видео содржини, читање и работа со повеќе прозорци.

Важен „камбек“ има и S Pen пенкалото. Додека претходниот модел беше лишен од оваа опција заради потенкото куќиште, Fold 8 повторно носи поддршка за прецизно пишување, скицирање и брза навигација. Овој потег ја зголемува привлечноста на уредот кај корисниците кои телефонот го користат за продуктивна работа и креативни задачи.
Со оваа генерација Samsung не воведува само „козметички“ измени, туку поставува јасни стандарди за долгорочниот развој на преклопливите уреди. Комбинацијата од поголема батерија, напреден екран и враќање на S Pen пенкалото покажува фокус на реалните потреби на корисниците и задржување на лидерската позиција во класата.
Galaxy Z Fold 8 така се наметнува како еден од клучните модели за сите што размислуваат за преклоплив телефон во 2026 година. Дефинитивно станува збор за уред кој ја спојува иновацијата со практичната примена и останува на самиот врв на она што пазарот и технологијата во моментов можат да го понудат, пишува Geeky Gadgets.


