Иако сè уште нема официјална потврда, се чини дека оваа година нема да има нови мобилни телефони од Asus, а причината за тоа е нивната слаба продажба.
Најновиот мобилен телефон од Asus, Zenfone 12 Ultra, беше претставен во февруари минатата година. Со оглед на тоа, некои сигурно очекуваат дека Asus наскоро ќе го претстави Zenfone 13 Ultra или нова серија на ROG Phone, но изгледа дека тоа нема да се случи.
Имено, според информации од доверливи извори до кои дојде Digitimes Asia, Asus оваа година нема да претстави ниту еден нов мобилен телефон. Таа информација наводно доаѓа од самата компанија, а изворите напоменуваат дека оваа одлука нема да влијае врз одржувањето, софтверските надградби и гарантните услуги за сите постојни уреди на Asus.

Причината за одлуката да се откаже од нови модели засега не е позната, но не е тешко да се претпостави дека мобилните телефони на Asus во последно време не се продаваат особено добро. Поради тоа, компанијата можеби одлучила дека е попаметно фокусот и средствата да ги насочи кон компјутерскиот сегмент, каде што има значително поголем пазарен удел.


