Компанијата 8BitDo најави нов контролер дизајниран за корисници на смартфони кои сакаат да играат игри во портретен (вертикален) режим.
FlipPad се поврзува со уреди со iOS и Android преку USB-C порт, а се прицврстува за долната половина од екранот со помош на механизам со шарка, слично како тастатура кај класичен „флип“ мобилен телефон.
Контролерот има црн D-Pad, црвени ABXY копчиња, Start и Select, како и шест бели копчиња долж горните и долните агли, кои најверојатно ќе може да се прилагодуваат.

Од 8BitDo наведуваат дека FlipPad е „официјално поддржан од Apple“ и дека ќе пристигне во текот на летото, но компанијата сè уште нема откриено информации за цената. Минатиот месец 8BitDo најави претставување на нов „Pro“ контролер на CES 2026, па можно е повеќе детали за FlipPad да бидат откриени за време на настанот во Лас Вегас.


