Project Motoko на Razer засега не е комерцијален производ, туку концепт кој го покажува можниот правец на развој на идните AI слушалки за на глава.
Razer на CES го прикажа Project Motoko, концептуални „AI-native“ слушалки со интегрирани камери кои го следат погледот на корисникот и служат како постојан AI асистент.
Станува збор за слушалки со две камери од перспектива во прво лице, поставени на висина на очите, кои овозможуваат препознавање на објекти и текст во реално време. Како што наведуваат од Razer, системот може да преведува сообраќајни знаци во реално време, да го следи повторувањето на вежбите во теретана и „во движење“ да сумира документи.

Project Motoko е опремен и со двојни микрофони наменети за фаќање гласовни команди и дијалози во видното поле на корисникот. Razer наведува дека слушалките „моментално интерпретираат и реагираат, дејствувајќи како постојан AI асистент кој се прилагодува на распоредот, преференците и навиките на корисникот“.
Понатаму, какви би биле тоа AI слушалки ако не се поврзуваат со Grok, ChatGPT и Gemini, но Razer не откри технички детали за интеграцијата.


