Според извештаите што кружат во јужнокорејските медиуми, Samsung ќе ја претстави својата серија уреди Galaxy S26 на 25 февруари на посебен Unpacked настан во Сан Франциско.
Овој датум на лансирање сега го потврди и типстерот од X, Еван Блас, кој е сигурен дека серијата Galaxy S26 ќе ја видиме на полиците на почетокот на март.
Ова значи дека Galaxy S26 ќе биде лансиран цели еден месец подоцна во однос на генерацијата Galaxy S25, која беше претставена на 22 јануари 2025 година. Според шпекулациите, лансирањето во февруари е последица на одлуката на Samsung во последен момент да го откаже Galaxy S26 Edge и да го замени со моделот Galaxy S26+.

Се очекува Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra да пристигнат со повисоки цени на некои пазари во споредба со нивните претходници.


