Благодарение на лесната рамка и прилагодливите носни перничиња, овие AR очила би требало да бидат прилично удобни за повеќето корисници
Кинескиот бренд под капата на TCL, RayNeo го искористи годинашниот CES 2026 за да ги донесе AR очилата Air 4 Pro на глобалната сцена. Станува збор за AR очила кои минатата година беа претставени во Кина, а се истакнуваат како први AR очила во светот со поддршка за HDR10.
Имено, RayNeo Air 4 Pro се опремени со 0,6-инчни Micro-OLED екрани со стапка на освежување до 120 Hz, осветленост до 1.200 нити и хибридно PWM затемнување од 3.840 Hz. Според наводите на производителот, очилата можат да прикажат виртуелен екран со дијагонала до 201 инч на оддалеченост од шест метри, со контраст од 200.000:1 и 10 нивоа на прилагодување на осветленоста.

Очилата ги придвижува процесорот Pixelworks Vision 4000, кој овозможува надградба на SDR содржина во HDR, како и претворање на 2D приказ во 3D. За звукот е задолжен систем со четири звучници, подесен во соработка со компанијата Bang & Olufsen.
Од останатите карактеристики, да споменеме дека Air 4 Pro тежат 76 грама, доаѓаат со прилагодливи перничиња за нос, а компатибилни се и со USB-C уреди кои поддржуваат видео-излез. Очилата би требало да се појават на пазарот веќе кон крајот на овој месец по препорачана цена од 300 долари.


