Gmail го добива најголемиот AI апдејт во историјата: пристигнува „Gemini ерата“ што го претвора inbox во паметен асистент кој одговара наместо вас и го филтрира хаосот од мејлови
Google најавува нова ера на Gmail сандачето во која класичниот мејл клиент станува личен, проактивен AI асистент базиран на моделот Gemini 3. Повеќе од 3 милијарди корисници ќе добијат напредни AI опции што автоматски сумираат разговори, пишуваат одговори и ги ставаат најважните пораки на врвот.
Наместо да копате по inbox-от и да внесувате клучни зборови, новата функција AI Overviews ги претвора вашите мејлови во конкретни одговори на прашања поставени на природен јазик. Gmail може да сумира долги нишки со десетици одговори во јасен резиме, но и да извлече точен податок – на пример, името на мајсторот кој минатата година ви испратил понуда за реновирање на бањата.
За сите корисници бесплатно пристигнуваат AI резимеа на разговори, додека можноста директно да го „прашате inbox-от“ останува резервирана за претплатниците на Google AI Pro и Ultra.

Help Me Write, Suggested Replies и Proofread
Функцијата Help Me Write сега е достапна за сите и може да напише мејл од нула или да го „исполира“ она што веќе сте го напишале, со разбирање на контекстот на разговорот. Новите Suggested Replies ги надградуваат класичните Smart Replies нудејќи подолги, посмислени одговори кои повеќе личат на тоа како вие навистина пишувате.
Кога, на пример, организирате семејно собирање, Gmail може сам да предложи одговор на тетка ви која прашува дали да донесе торта наместо пита, а вие само ги коригирате деталите пред испраќање. Покрај тоа, Proofreadноси напредна проверка на граматика, тон и стил, но оваа функција е достапна само за Pro и Ultra корисниците.
AI Inbox: крај на хронолошката листа на мејлови
Наместо класична хронолошка листа, AI Inbox прави персонализиран „брифинг“ кој на врвот ги извлекува задачите, сметките со рок за плаќање и потсетниците како термин за забар или тренинг.
Системот ги препознава вашите „VIP“ контакти врз основа на тоа со кого најмногу комуницирате и сигналите од содржината на пораките, при што анализата се прави во согласност со стандардите на Google за приватност и контрола на податоци.
AI Inbox засега е достапен само за ограничен број „trusted testers“ корисници, но во наредните месеци постепено ќе биде пуштен и за пошироката јавност.
Достапност, јазици и што следува
Новите AI функции почнуваат да се воведуваат за корисниците во САД, со фокус на англискиот јазик и дополнителни бенефиции за претплатниците на Google AI Pro и Ultra.
Google планира проширување на повеќе јазици и региони во текот на 2026 година, а веќе следниот месец Help Me Write ќе добие уште посилна персонализација преку повлекување контекст од други Google апликации.
За крај, Google јасно порачува дека целта на Gemini ерата не е само „попаметен inbox“, туку мејл што ви помага да читате помалку, да пишувате побрзо и да завршувате повеќе – со помалку дигитална бучава.



