Раководството на Samsung за Визуелни Дисплеи (Visual Display) овозможи подетален увид во правецот на компанијата во однос на иновации во телевизорите во 2026 година и понатаму
Компанијата Samsung Electronics одржа Visual Display (VD) Deep Dive сесија на CES 2026. Предводена од Ес-Ви Јонг (SW Yong), Претседател на бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во Samsung Electronics, сесијата се одржа во “The Wynn Las Vegas“ и нагласи како Samsung, преку две децениското пазарно лидерство, ја редефинира улогата на телевизорот во поврзаниот дом. Додека глобалниот ТВ пазар влегува во нова фаза дефинирана од побарувачка за премиум производи, поголеми екрани и интелигентни искуства, Samsung ја претстави својата стратегија за иднината на телевизијата.
За време на сесијата, Samsung го потенцираше својот фокус на проширување на можностите на ТВ уредите преку вештачка интелигенција од следната генерација, истовремено испорачувајќи исклучителен квалитет на сликата. 2026 година ќе биде клучна за бизнисот со Визуелни Дисплеи, при што Micro RGB и OLED предводат во премиум сегментот на телевизори, mini LED ја зголемува достапноста на премиум ТВ технологијата, а ултра-големите екрани дополнително го унапредуваат имерзивното забавно искуство во домот и пошироко. Како резултат, целосната линија ќе го донесе врвното искуство со екраните на Samsung до поширок круг потрошувачи, истовремено зацврстувајќи го лидерството на компанијата во перформанси и иновации.

„Во моментов доживуваме трансформација во начинот на кој гледачите го доживуваат телевизиското искуство, преминувајќи од искуство фокусирано на гледање кон искуство засновано на директна интеракција со корисниците,“ изјави претседателот Јонг. „Како што телевизијата еволуира, ’Samsung’ продолжува да ја заслужува својата лидерска улога година по година, надградувајќи се врз своето наследство на хардверска извонредност.“
Унапредување на ТВ-искуството со Vision AI
Во срцето на стратегијата на Samsung за 2026 година се наоѓа “Vision AI Companion“ (VAC), нова интелигентна платформа дизајнирана да го направи телевизорот поинтуитивен, поразговорен и поперсонализиран. Интегрирана во речиси целата линија на телевизори на Samsung, VAC разбира што гледаат корисниците, ги предвидува нивните потреби и прикажува корисни, контекстуални информации директно на екранот, трансформирајќи го телевизорот од пасивен приказен уред во активен учесник во секојдневниот живот.
Со вградување на вештачка интелигенција низ целиот свој екосистем, Samsung ја проширува улогата на телевизорот надвор од границите на забавата, овозможувајќи подлабока интеграција со паметниот дом и позначајно вклучување на корисниците. Овој пристап ја одразува посветеноста на Samsung кон градење поврзани искуства што се приспособуваат на корисниците, додека истовремено го задржуваат квалитетот на сликата и сигурноста што потрошувачите и понатаму ги ценат.

Редефинирање на размерот, дизајнот и иновациите за животниот стил
За време на сесијата, Хун Ли (Hun Lee), Извршен потпретседател на бизнисот со Визуелни Дисплеи, даде дополнителни детали за новиот “Micro RGB“ телевизор од 130 инчи на “Samsung“, прво од ваков вид техничко достигнување во индустријата, како и за посветеноста на компанијата кон иновациите во сегментот на телевизори за животен стил.
„Како што квалитетот на содржината се подобрува, природно е корисниците да сакаат повисоко ниво на имерзивност,“ изјави Извршниот Потпретседател Ли. „При развојот на нашите производи, ’Samsung’ се фокусира на опипливите искуства овозможени од технологиите како ’VAC’, а не само на нивните технички спецификации.“
Додека Samsung одбележува дваесет последователни години како водечки светски ТВ бренд, “VD Deep Dive“ сесијата испрати јасна порака: лидерството се стекнува преку континуирана иновација. Со комбинирање на хардверска извонредност со интелигентни, поврзани искуства, “Samsung“ обликува иднина во која телевизорите покрај тоа што нудат супериорен квалитет на сликата, овозможуваат и попаметни, поперсонализирани и позначајни искуства во домовите ширум светот.
.


