Три нови Samsung преклопни телефони се појавија во GSMA IMEI базата, што ги открива плановите на компанијата за втората половина од годината и можен одговор на преклопниот iPhone.
Иако серијата Galaxy S26 се очекува кон крајот на февруари, нови информации веќе откриваат како би можел да изгледа планот на Samsung за втората половина од годината, особено кога станува збор за преклопните смартфони. Според најновите податоци, дури три нови Samsung преклопни модели се појавиле во GSMA IMEI базата, што силно укажува дека компанијата сериозно се подготвува за есенска офанзива.
Според информациите од базата, два модели ги носат ознаките: SM-F976U и SM-F776U. Врз основа на досегашната логика на именување кај Samsung, речиси е сигурно дека станува збор за Galaxy Z Fold8 и Galaxy Z Flip8. Ова го потврдува и фактот што со нив се појавуваат и интерните кодови Q8 и B7, кои ја следат претходната генерација: Z Fold7 (Q7) и Z Flip7 (B7). Ознаката „U“ на крајот од моделот обично означува верзија наменета за американскиот пазар, додека глобалните модели најчесто завршуваат со буквата „B“.

Мистериозниот трет Samsung модел и „широкиот“ преклопен телефон
Најмногу внимание, сепак, привлекува третиот, засега непознат преклопен телефон, означен како SM-F971U, со интерен код H8. Овој код досега не се појавувал, па не е јасно дали станува збор за поевтина верзија на Fold моделот или за целосно нов „широк“ преклопен телефон за кој сè почочесто се зборува во последно време.
Во исто време, се појавуваат и информации дека Apple планира во септември да го претстави својот прв преклопен iPhone, со поширок и „поздепест“ дизајн кој визуелно потсетува на помал iPad mini. Токму поради тоа се шпекулира дека Samsung развива алтернатива на класичниот издолжен Fold формат, односно преклопен телефон со поширок екран, наменет за директна конкуренција на решението на Apple.
Иако Samsung сè уште официјално не ги потврдил овие информации, самиот факт дека уредите се регистрирани во IMEI базата силно сугерира дека се во напредна фаза на развој. Останува да се види каква точно комбинација на преклопни модели ќе претстави Samsung во втората половина од годината и како со нив ќе се обиде да ја задржи предноста пред доаѓањето на преклопниот iPhone.
