Zephyrus Duo се враќа со импресивни двојни 3K OLED екрани, совршени за мултитаскинг гејмери и креатори.
Asus Republic of Gamers (ROG) на саемот CES 2026 го најавува лансирањето на целосно новиот модел Zephyrus Duo, првиот 16-инчен гејминг лаптоп со два OLED екрани во светот.
Овој Copilot+ PC го придвижува најновиот процесор Intel Core Ultra Series 3, спарен со до NVIDIA GeForce RTX 5090 Laptop GPU кој работи со 135 W TGP, овозможувајќи врвно гејминг искуство и професионално создавање содржини. Zephyrus Duo нуди пет наменски режими на работа за унапредување на работните процеси. Овој ултра-премиум компјутер е сместен во алуминиумско куќиште во атрактивна Stellar Grey боја и доаѓа со одвоена магнетна тастатура за корисниците да можат да играат и создаваат каде и да се наоѓаат.

Zephyrus Duo е првиот 16-инчен гејминг лаптоп со два екрана во светот. Опремен е со два 3K ROG Nebula HDR OLED екрани на допир, со повеќе од 21 инч вкупна дијагонала на екраните во еден лаптоп, при што Duo ги редефинира можностите на преносна лична работна станица.
Двата панели нудат време на одѕив од 0,2 ms и стапка на освежување од 120 Hz, а главниот екран поддржува NVIDIA G-SYNC, обезбедувајќи остри движења и речиси целосно елиминирање на ghosting-от во игрите. Со максимална осветленост од 1100 нити и VESA DisplayHDR True Black 1000 сертификат, HDR игрите и содржините изгледаат спектакуларно.
За креаторите, прецизноста на боите Delta E < 1 и 100% покриеност на DCI-P3 просторот на бои нудат два професионални екрана подготвени за работа веднаш по вадењето од кутија.
ROG Zephyrus Duo
Посебно внимание е посветено и на одвоената магнетна тастатура. Таа може да се користи како стандардна тастатура на лаптопот, но е и целосно отстранлива и може безжично да се користи преку Bluetooth во кој било од повеќето режими на работа на Zephyrus Duo.
И покрај ултра-тенкиот профил од само 5,1 mm, нуди длабок од на тастерите од 1,7 mm, споредлив со премиум гејминг лаптопи. Исклучително големиот touchpad, проширен во однос на претходната генерација, овозможува беспрекорна навигација и мулти-допир функционалност, без оглед на начинот на користење.
Со постоље што се отвора под агол од 90° и шарка со ротација од 320°, Zephyrus Duo поддржува пет наменски режими на работа. Dual Screen Mode го користи постољето и отстранувањето на тастатурата за да им овозможи на корисниците моментално искуство со повеќе монитори, без адаптери или кабли.
Laptop Mode нуди класичен 16-инчен лаптоп распоред, со тастатура под главниот екран, идеален за играње и основни продуктивни задачи.
Sharing Mode овозможува целосно отворање од 180°, така што секој екран е свртен кон учесниците на состанокот за брза соработка во поголеми групи.

Book Mode ги поставува двата екрана во портретна положба, совршено за веб-прелистувачи и алатки за програмирање кога е потребно да се видат повеќе редови одеднаш.
Tent Mode ги подига екраните и формира A-рамка, овозможувајќи две лица да играат заедно.
Zephyrus Duo го придвижува најновиот Intel Core Ultra Series 3 процесор, 16-јадрен, 32-thread мултитаскинг „engine“ кој со леснотија се справува со секоја апликација или AAA игра.
„На секој чекор бев импресиониран од неверојатните работи што се случуваат кога ќе се спојат нашите две силни, инженерски водени култури,“ изјави Џош Њуман, потпретседател за продукт маркетинг во Intel. „Ова ново портфолио на ROG Zephyrus производи, придвижувано од најновите Intel Core Ultra процесори, е навистина неверојатно!“
Спарен со до NVIDIA GeForce RTX 5090 Laptop GPU со максимален TGP од 135 W, Zephyrus Duo е компјутер од соништата за страствени гејмери и креатори. Овој флегшип GPU ги носи најновите гејминг и AI функции, вклучувајќи DLSS 4, Frame Generation и ray-tracing јадра од 4-та генерација. Со толкава моќ, гејмерите можат да ја зголемат резолуцијата, текстурите и нивото на детали во сите најнови игри.

Сета таа моќ е под контрола благодарение на најновите ROG Intelligent Cooling технологии, со напредни решенија специфични за дизајнот со два екрана. Zephyrus Duo има целосно редизајнирана матична плоча спарена со поголема прилагодена парна комора. Бидејќи нема отвори за воздух под тастатурата, двојните вентилатори се редизајнирани за да го подобрат внатрешниот проток на воздух и да ги одржуваат компонентите на матичната плоча ладни.
Во комбинација со наменска графитна плоча што покрива 100% од CPU и GPU, сите овие подобрувања овозможуваат максимални перформанси и мазно корисничко искуство при модерна работа со повеќе екрани.
Покрај тоа, Zephyrus Duo за 2026 година носи целосно нова Slash Lighting светлосна декорација со 35 одделни зони, нудејќи уште повеќе можности за прилагодување и персонализација. Сместен во прецизно изработено стаклено куќиште, Slash Lighting системот ја претставува следната еволуција на препознатливиот Zephyrus стил.
Zenbook DUO доаѓа и со нови скриени шарки за намалување на просторот меѓу екраните, како и моќен систем со две батерии со вкупен капацитет од 99 Wh.

