Подобрете го искуството при играње: паметните алатки за играње се среќаваат со врвните перформанси
Без разлика дали брзате низ стазите на омилениот симулатор за возење, го истражувате отворениот свет на игрите со играње улоги (role-playing), или пак сте во трката за најдобар резултат на ранг-листата во игра со пукање во прво лице, функцијата “Game Launcher“ ви помага да останете фокусирани. Ги прави известувањата беззвучни, ги оптимизира перформансите и нуди вградени алатки за снимање, креирање “screenshots“ и управува со потрошувачката на батеријата. На ова додадете ги моќните чипсети на “Galaxy“ и напредните системи за ладење со комори за пареа и во раце имате моќен компјутер за игри кој го собира во вашиот џеб. Играјте подолго, поглатко и попаметно, каде и да сте. Вашиот “Galaxy“ е подготвен за вашата следна битка со “шефот“.

Кога е време за промена на темпото, “Samsung DeX“ му овозможува на вашиот “Galaxy S25“ да се поврзе со монитор и да стане работна станица за десктоп за само неколку секунди. “Bluetooth“ тастатура и глушец, мултитаскинг и омилените канцелариски апликации на цел екран? Секако.
Совршена комбинација: Серијата “Galaxy S25“ обединува моќ и ефикасно ладење за играње игри на повисоко ниво, мултитаскинг и врвни перформанси – вашата џебна конзола и центар за продуктивност во еден елегантен уред.
Сѐ уште немате “Samsung Galaxy“ уред или пак поседувате постар модел? “Samsung“ ве повикува да ја преземете апликацијата “Try Galaxy“ и да ги испробате најновите функции на “Galaxy“ уредите директно од екранот на вашиот телефон.


