HONOR Magic8 серијата, официјално лансирана во средината на јануари, носи совршена комбинација од дизајн, перформанси и интелигентни функции, осмислена за корисници кои сакаат повеќе од паметен телефон. HONOR Magic8 серијата претставува промислен одговор на потребите на пазарот кој бара сигурност, ефикасност и интелигентни решенија во еден уред. Преку два јасно профилирани модели – HONOR Magic8 Pro и HONOR Magic8 Lite – оваа серија покрива широк спектар на корисници, од оние кои бараат баланс, до најзахтевните професионалци. Овие уреди се сигурни партнери на професионалците, претприемачите и иноваторите и им помагаат да останат продуктивни, поврзани и креативни во секој момент.

HONOR Magic8 Lite: Паметна ефикасност за динамични професионалци
Осмислен како уред што носи сигурност и функционалност во подостапен формат, HONOR Magic8 Lite без проблем го следи секојдневното интензивно темпо на корисниците.
HONOR Magic8 Lite е конструиран со акцент на издржливост – неговата зајакната структура му овозможува ефикасно да се справува со падови, удари и секојдневна интензивна употреба. Покрај тоа, уредот е дизајниран да издржи контакт со вода и прашина, а обезбеден е и непречен работен режим во температурен опсег од –30 °C до 55 °C, што го прави практичен избор и во позахтевни средини.

Една од неговите клучни предности е долготрајната силициум-јаглеродна батерија со капацитет од 7.500 mAh, која овозможува и до три дена користење со едно полнење, што нуди ниво на автономија кое значително го менува корисничкото искуство. Брзото полнење дополнително придонесува за практичноста, овозможувајќи уредот за кратко време да се врати во полна функционалност.
Snapdragon 6 Gen 4 платформата го придвижува овој уред, чии перформанси се оптимизирани за секојдневните потреби на современиот корисник, додека 6,79-инчниот OLED екран нуди извонредно визуелно искуство, со посебно внимание посветено на заштитата на видот. Напредните технологии за заштита на очите го намалуваат заморот на видот, што Magic8 Lite го прави погоден за долготрајна употреба. Флуидното работење на апликациите, стабилниот мултитаскинг и поддршката за интелигентни AI функции придонесуваат за едноставност и ефикасност во користењето.
HONOR Magic8 Pro: Моќ и интелигенција за лидери и носители на одлуки

Позициониран како флегшип модел, HONOR Magic8 Pro е наменет за професионалци кои во секојдневната работа се потпираат на високи перформанси и сигурност на технологијата. Уредот го придвижува процесор од новата генерација, Snapdragon® 8 Elite Gen 5 Mobile Platform, оптимизиран за комплексни задачи, паралелна работа на повеќе апликации и долготрајно оптоварување без губење на брзината или стабилноста, додека удобната работа со документи, табели и презентации, како и јасната комуникација за време на видео-состаноци, ја овозможува 6,71-инчниот LTPO OLED екран.
Значајна предност на HONOR Magic8 Pro е неговата силициум-јаглеродна батерија со капацитет од 6.270 mAh, со поддршка за брзо полнење. Во пракса, тоа значи дека корисникот може да го помине целиот работен ден на состаноци или на пат, без постојана грижа за полначот. Ова е особено важно во деловно опкружување каде што достапноста и континуитетот на работата имаат големо значење.
Квалитетните фотографии и видеа денес се составен дел од деловното секојдневие, а HONOR нуди решенија што ги задоволуваат и тие потреби, со посебен фокус на ноќната фотографија. HONOR Magic8 Pro носи напреден AiMAG систем на камери базиран на вештачка интелигенција, кој ја надминува класичната улога на мобилната фотографија, при што AI алгоритмите автоматски ги оптимизираат снимките, обезбедувајќи резултатот да изгледа професионално и без дополнителна опрема или сложени поставки.
Дизајн како одраз на професионалниот идентитет
Она што ги поврзува HONOR Magic8 Pro и HONOR Magic8 Lite е естетиката која се огледа во елеганцијата и внимателно осмислените детали. Уредите се дизајнирани така што се вклопуваат и во деловна и во приватна средина, оставајќи впечаток на софистицираност и технолошки израз.
HONOR Magic8 серијата јасно покажува дека современиот паметен телефон треба да биде повеќе од средство за комуникација, потврдувајќи ја позицијата на HONOR како бренд кој ги разбира потребите на модерното работење и развива технологија што работи во служба на корисникот.
