Иако луѓето веќе некое време го користат главниот четбот за преведување текст, сега корисниците можат да го најдат ChatGPT Translate на неговата сопствена веб-страница.
Алатката може да преведува текст, гласовни внесови и слики на повеќе од 50 јазици за само неколку секунди, тврди OpenAI, а постои и функција за автоматско препознавање на јазик.
Најинтересно е тоа што ChatGPT Translate може да го уредува преводот земајќи ги предвид различните контексти и тонови, слично како што тоа го прават поопштите алатки за вештачка интелигенција за генерирање текст. Со еден допир може да го прилагоди преводот во нешто „потечно“ за деловна и формална публика, да го направи посоодветен за деца или за академски цели. На веб-страницата на алатката пишува дека ChatGPT Translate „го разбира тонот, идиомите и контекстот“.

Иако тонските и контекстуалните аспекти се интригантни, ChatGPT Translate сепак е недоволно развиен во споредба со слични сервиси како Google Translate, кој постои со децении и неодамна го доби својот сопствен Gemini дизајн со подобра поддршка за разбирање на идиоми и сленг. Десктоп верзијата на ChatGPT Translate сè уште не дозволува гласовни внесови, додека мобилната верзија дозволува, наведува Android Authority. И покрај тврдењата дека ChatGPT може да преведува текст од слика, моментално не постои начин за прикачување (upload). Исто така, сè уште нема поддршка за преведување веб-страници, документи или ракописи.
Можеби најважно, ChatGPT Translate моментално е достапен само преку веб-страница и не постои посебна апликација. Така, изгледа дека неговото користење офлајн во моментов е невозможно. Недостигот од апликација со поддршка за превод директно на уредот го прави ChatGPT Translate непрактично решение за патници во рурални области без пристап до интернет. Исто така, сè уште не постои поддршка за превод на разговори во реално време. Од друга страна, Google Pixel 10 сега поддржува гласовен превод за време на телефонски повици.


