Новиот македонски долгометражен игран филм на режисерката Косара Митиќ и продуцентот Томи Салковски ќе се натпреварува во селекцијата „Перспективи“ на Берлинскиот Филмски Фестивал
Новиот македонски долгометражен игран филм во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски селектиран во програмата “Перспективи“ на овогодинешниот 76-ти Берлински Филмски Фестивал. Ова беше денес соопштено во Берлин, со што филмот на режисерката Митиќ ќе се натпреварува во селекцијата „Перспективи“, во која се селектираат и натпреваруваат најдобрите дебитантски филмови, на светско ниво.
Во Берлинале Перспективи, македонскиот филм “17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири кое ќе одлучи кој од 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во оваа програма.

