Компанијата UnaliWear тврди дека Apple, Google, Samsung и Garmin нелегално ја копирале нивната технологија за детекција на пад
Детекцијата на пад е клучна функција кај многу од најдобрите паметни часовници и може да се најде на Apple Watch, како и на бројни модели од Garmin, Samsung и Google. Сепак, нејзината иднина на вашиот уред би можела да биде доведена во прашање, бидејќи една компанија тврди дека сите овие уреди нелегално ја копирале технологијата поврзана со сопнувања и падови.
Имено, во самиот центар на спорот се наоѓа токму технологијата за детекција на пад, за која компанијата што произведува носливи уреди за постари лица, UnaliWear, тврди дека ги крши нејзините патенти. Нивните производи содржат систем за детекција на пад наречен RealFall, за кој тврдат дека може прецизно да разликува вистински падови од секојдневни движења.
Токму таа способност да се разликуваат вистинските падови од лажните аларми е во сржта на спорот. UnaliWear наведува дека носливите уреди на компаниите кои ги тужат – Apple, Google, Garmin и Samsung – ги прекршиле нивните патенти за да решат специфичен проблем со лажни аларми.

Можни последици за најголемите играчи
Случајот моментално го истражува Американската меѓународна трговска комисија, а одговорите од засегнатите компании се очекуваат наскоро. Целиот процес, според пишувањето на TechRadar, најверојатно нема да заврши пред крајот на оваа година, но по неговото завршување би можел да има огромни последици.
Ако UnaliWear успее, би можел да побара налог за ограничено исклучување на функцијата, што би го блокирало увозот на засегнатите паметни часовници во САД. Тоа би ги оставило гигантите како Apple и Garmin без можност да испорачуваат некои од своите најпопуларни паметни часовници на американските купувачи. Дополнително, UnaliWear поднел тужби и во неколку американски окружни судови, а доколку и таму победи, тоа би можело да доведе до изрекување на огромни финансиски казни.
Сепак, поверојатна опција е големите играчи да мора да ја лиценцираат својата технологија за детекција на пад од компанијата UnaliWear. Алтернативно, би можеле да создадат заобиколно решение кое не ги крши патентите, како што направи Apple кога беше пресудено дека неговиот сензор за кислород во крвта ги прекршил патентите на медицинско-технолошката компанија Masimo.


