iPhone 18 Pro нема да има punch-hole отвор во левиот агол на екранот, туку намален и централно позициониран Dynamic Island, со Face ID делумно сместен под екранот.
Пред извесно време, новинарот Вејн Ма, кој се занимава со технолошки трендови, изнесе тврдење дека Apple кај моделот iPhone 18 Pro ќе ја премести предната камера во горниот лев агол на екранот и ќе премине на дизајн со една дупка, додека останатите Face ID компоненти би биле сместени под панелот. Сепак, сè повеќе информации укажуваат дека ова тврдење било погрешно или погрешно интерпретирано.
Според наводите на друг аналитичар од синџирот на снабдување, Apple навистина планира да го намали Dynamic Island, но не и да воведе дизајн со дупка во аголот на екранот.

iPhone 18 ќе има помал изрез, но Face ID останува во центарот
Како што се наведува, 3D препознавањето на лицето кај iPhone 18 Pro и понатаму ќе се потпира на постојниот TrueDepth систем. Единствената промена се однесува на инфрацрвениот „flood illuminator“, кој ќе биде преместен под екранот, приближно во зоната на горниот лев дел од панелот. Сепак, предната камера, dot проекторот и инфрацрвената камера остануваат групирани во централниот дел на горниот раб на екранот.
Поради тоа, изрезот на екранот ќе биде помал и ќе ја задржи централната позиција, наместо да премине во форма на поединечна дупка во левиот агол, како што претходно се шпекулираше.

Инфрацрвениот flood illuminator има задача во услови на слабо осветлување да обезбеди дополнително инфрацрвено светло, за Face ID да функционира и во целосен мрак. Dot проекторот проектира повеќе од 30.000 невидливи инфрацрвени точки на лицето на корисникот, додека инфрацрвената камера го снима нивниот одраз и формира прецизен 3D модел на лицето, кој потоа се обработува во процесорот.
Врз основа на сите достапни информации, се заклучува дека iPhone 18 Pro ќе има помал изрез во форма на „пилула“, централно поставен на врвот на екранот. И покрај тоа, се очекува токму овој модел да има најголем однос меѓу екранот и куќиштето во историјата на Apple телефоните, со што би станал iPhone со најизразен „all-screen“ дизајн досега, пренесува mydrivers.
