Американската вселенска агенција NASA го забрзува своето враќање кон Месечината, со мисијата Artemis II, која наскоро треба да го означи почетокот на нова ера на американско вселенско лидерство.
Во рамки на подготовките, огромната ракета Space Launch System (SLS) и вселенската капсула Orion беа префрлени од зградата за склопување до лансирната рампа Launch Pad 39B во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Овој потег претставува значаен чекор кон планираното лансирање на мисијата Artemis II, пишува Scitechdaily.
NASA истакнува дека мисијата Artemis II е клучна пресвртница. Таа треба да ги испрати астронаутите околу Месечината за првпат по повеќе од половина век.
За време на летот, вселенското летало Orion ќе помине на растојание далеку надвор од Земјината орбита, тестирајќи технологии, системи за поддршка на човечкиот живот и навигација во длабоката вселена.

Иако оваа мисија не вклучува слетување на површината на Месечината, според официјалните планови таа претставува прв чекор кон трајно враќање на луѓето на Месечевата површина, што би можело да се оствари во наредните мисии од програмата Artemis.
Лидерите на НАСА нагласуваат дека постигнатите резултати се резултат на јасни национални приоритети и стратешки инвестиции, како и на проширени меѓународни партнерства. Мисијата Artemis II ги поставува темелите за идни истражувачки потфати, вклучително и потенцијални мисии на Марс.


