Додека фокусот на локалната е-трговија со години беше ставен на генерирање сообраќај (traffic acquisition), глобалните трендови покажуваат поместување кон технолошка оптимизација на конверзијата (CRO) преку вештачка интелигенција. Токму во овој сегмент, Amenexia – напредно AI решение развиено од македонски инженери, направи сериозен пробив на пазарите во САД и Панама.
Овој софтвер, кој функционира како интелигентен слој помеѓу корисникот и базата на производи, сега е официјално пуштен во употреба и за македонскиот пазар. Зад архитектурата на системот стои тимот на Amenex предводен од Игор Илиевски, чие искуство датира од основањето на MKMage во 2004 година и работата на стотици е-продавници со комплексни бекенд интеграции (ERP, CRM).
Технолошкиот диференцијатор: Од „Статичен Каталог“ до „Активен Процесор“
Главен проблем што го решава алгоритмот е трансформацијата на продавниците од пасивни каталози во активни продажни системи.
„Проблемот со многу дигитални продавници денес е што функционираат како каталози закачени на ѕид – има слики, но нема логика што ќе го процесира барањето на купувачот,“ објаснува Илиевски. „Замислете продавница каде нема кој да ве услужи или да ви потврди дали производот е компатибилен. Тоа е ’bug’ во корисничкото искуство што резултира со напуштање на сесијата“.

Не е само скриптиран Chatbot: AI со „Сентимент Анализа“
За разлика од традиционалните чет-ботови базирани на претходно дефинирани „decision trees“, Amenexia користи напредни модели за обработка на природен јазик (NLP) и анализа на сентимент.
Системот не враќа само генерички FAQs. Тој е способен за:
- Длабинска анализа на контекст: „AI-то не само што одговара, туку детектира емоции. Може да препознае дали корисникот е фрустриран или збунет и да го прилагоди тонот на комуникација за да ја спаси конверзијата – делувајќи со сензибилитет иако е алгоритам“.
- Интелигентна препорака: Системот ги води корисниците низ „инката“ (funnel) на продажба, одговарајќи на специфични прашања како „Дали овој дел ќе одговара на мојата конфигурација?“, со што директно ја намалува стапката на напуштање на кошничката (Cart Abandonment Rate).
Крај на „Data Fragmentation“: Решавање на Viber/Inbox проблемот
Посебна техничка вредност за локалниот пазар е консолидацијата на податоците.
„Во регионот, голем дел од трговијата се одвива преку неструктурирани канали како Viber или DM, каде се заобиколува ’checkout’ процесот. Иако ова генерира моментална продажба, технички создава хаос: податоците не се консолидирани, а залихите не се ажурираат во реално време,“ потенцира Илиевски.
Amenexia го решава овој проблем со централизирање на комуникацијата и враќање на корисникот во структурираниот процес на нарачка, овозможувајќи „вистинска следливост на бизнисот“.

Plug-and-Play интеграции и Агностичност
Од технички аспект, една од клучните предности на Amenexia е нејзината агностичност кон платформата. Решението е дизајнирано за лесна API интеграција со водечките eCommerce екосистеми како Shopify, Magento (Adobe Commerce) и BigCommerce. Ова овозможува брз “deployment” без потреба од рефакторирање на постоечкиот код на продавницата, што директно ги намалува оперативните трошоци и времето за интеграција.
Валидација на кодот на глобално ниво
Лансирањето на Amenexia првично во САД и Панама послужи како „Stress test“ за алгоритмите. Успешната имплементација таму, потврдена и со наградата за иновација на BURJ CEO Awards во Дубаи, докажува дека македонскиот код е подготвен за Enterprise ниво на употреба.
Со враќањето на технологијата дома, македонските девелопери и е-трговци добиваат пристап до алатка која ја користи истата логика како гигантите во индустријата, овозможувајќи им автоматизација на customer support процесите и скалирање на бизнисот
За Amenexia
Amenexia е AI-поддржан дигитален асистент за купување развиен од Amenex, компанија за инфраструктура и операции во eCommerce предводена од извршниот директор Игор Илиевски. Amenexia им нуди на онлајн продавниците 24/7 човечки-сличен асистент што комуницира со купувачите, одговара на прашања за производи и ги води низ процесот на купување. Изграден врз повеќе од 20 години искуство, Amenexia е создадена да им помогне на брендовите да го унапредат ангажманот, да ги зголемат конверзиите и да создадат беспрекорно онлајн искуство.


