Паметните прстени се новитет во светот на носливите уреди, а Rogbid Fusion претставува мост помеѓу прстен и паметен часовник. Станува збор за мал смарт-часовник со димензии од само 20,6 × 21 × 8,2 мм и тежина од нешто повеќе од 14 грама.
Rogbid Fusion може да се носи како прстен со миланезе метална нараквица, но доаѓа и со најлонска нараквица, па може да се носи и како часовник околу рачниот зглоб. Има метална средна рамка и е водоотпорен до длабочина од 50 метри.
Поседува мал OLED екран од 0,49 инчи, кој прикажува време, број на чекори, отчукувања на срцето, заситеност на крвта со кислород и податоци за спиењето.

Rogbid Fusion е целосно опремен фитнес-уред со можност за следење на повеќе од 100 спортски параметри, иако во реално време се добиваат само податоците за срцевиот ритам, бројот на чекори и поминатото растојание. Се поврзува преку Bluetooth и е компатибилен со Android и iOS паметни телефони. Од Rogbid наведуваат дека батеријата трае до пет дена.
Уредот е достапен во црна, сребрена и златна боја и се продава по цена од 49,99 долари, а може да се набави преку официјалната веб-страница.



