Во тек е фазата на гласање од јавноста во рамки на петтото, јубилејно издание на E-commerce Awards – изборот на најдобрите е-трговци во Македонија за 2025 година, во организација на Асоцијацијата за е-трговија. Граѓаните имаат можност да ги поддржат своите омилени е-продавници, а гласањето ќе трае до 10 февруари 2026 година.
Досега, изборот бележи значителен интерес од јавноста, со над 27.000 гласови дадени од повеќе од 2.500 гласачи, што уште еднаш ја потврдува релевантноста и довербата во оваа иницијатива. Во трката за признанијата оваа година се вклучени 217 номинирани е-трговци, кои се натпреваруваат во 18 категории.
По завршувањето на гласањето од јавноста, најдобро рангираните номинации во секоја категорија продолжуваат во финалниот круг, каде што ќе бидат оценувани од стручната жири-комисија, согласно утврдената методологија.

Јавното гласање претставува клучен сегмент од изборниот процес и учествува со 60% во конечниот резултат, додека останатите 40% се доделуваат врз основа на оценките на стручната жири-комисија.
Инаку, гласањето од јавноста е бесплатно и се врши преку официјалната веб-страница на изборот, најдоцна до 10 февруари 2026 година, до крајот на денот, на следниот линк:
https://ecommerceawards.mk/
Победниците на E-commerce Awards 2025 ќе бидат прогласени на свечена гала манифестација која традиционално ќе се одржи во март 2026 година, каде што на најуспешните е-трговци ќе им бидат врачени престижни статуетки – симбол на доверба, квалитет и извонредност во онлајн трговијата. E-commerce Awards претставува значајна манифестација за целиот сектор, бидејќи ги препознава и наградува најдобрите практики, иновации и постигнувања во е-трговијата, со цел да се поттикне здрав натпревар и континуиран раст и унапредување на индустријата.

Ова издание на E-commerce Awards 2025 се реализира со поддршка на Halkbank, Diners Club и Halk Insurance.
Сите детали за правилата и процесот на изборот се достапни во официјалниот правилник на веб-страницата на E-commerce Awards или преку овој линк.


