Наместо нов flagship модел, Nothing оваа година ќе го претстави значително надградениот Phone (4a), кој треба да понуди flagship корисничко искуство по нешто поповолна цена.
Nothing во 2026 година нема да претстави нов flagship мобилен телефон, потврди извршниот директор на компанијата, Карл Пеи, во ново видео објавено на официјалниот YouTube канал на Nothing.
Наместо тоа, претстојниот Phone (4a) ќе им овозможи на корисниците искуство на користење на flagship уред, но во поповолен ценовен сегмент. Како што тврди Пеи, уредот ќе има поквалитетни, премиум материјали, како и нов дизајн, кој дополнително ќе биде истакнат со нови бои.

Со оглед на тоа што Phone (4a) ќе има надграден екран, камери и вкупни перформанси во однос на претходниот Phone (3a), Пеи го опишува како „целосна еволуција“. Што точно значи тоа, ќе дознаеме дури по официјалното претставување на мобилниот телефон, чиј датум сè уште не е познат.


