Apple планира да лансира нови MacBook Pro модели со M5 Pro и M5 Max чипови, заедно со macOS 26.3, според Марк Гурман од Bloomberg.
„Побрзите MacBook Pro модели на Apple се планирани за циклусот на издавање на macOS 26.3. новите модели, со кодни имиња J714 и J716 се планирани за софтверскиот циклус macOS 26.3, кој трае од февруари до март“,наведе Гурман во најновото издание на неговиот неделен билтен Power On.
Верзијата macOS 26.3 сè уште е во бета тестирање, но ажурирањето би требало да пристигне наскоро, а поширокото издание се очекува во февруари. Гурман внимателно го спомена и март, но тоа изгледа помалку веројатно, освен ако бета тестирањето на macOS 26.3 не се одолговлечи повеќе од очекуваното, или ако новите MacBook Pro модели се поврзани со macOS 26.3.1 или понова верзија.
Во моментов, се очекува Release Candidate верзијата на macOS 26.3 да биде објавена во првата половина на февруари, што значи дека најавата за новите MacBook Pro модели може да биде веднаш зад аголот.

Во октомври, Марко Живковиќ од AppleInsider прв објави дека MacBook Pro моделите со M5 Pro и M5 Max чипови „се очекува да пристигнат со macOS 26.3“, па оваа гласина сега е потврдена од повеќе извори.
Освен M5 Pro и M5 Max чиповите, не се очекуваат поголеми промени кај овие модели.
Кон крајот на 2026 или во 2027 година, се очекува MacBook Pro да добие значаен редизајн, со гласини за карактеристики како OLED екран со можност за допир, M6 Pro и M6 Max чипови, потенок дизајн и вградена мобилна (cellular) конективност.


