Samsung ги поканува фановите да го искусат Олимпискиот дух во секојдневниот живот преку храбри надворешни визуелни решенија низ препознатливите знаменитости во Милано
Компанијата Samsung Electronics, Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, го носи духот на Олимписките и Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026 (Olympic and Paralympic Winter Games Milano Cortina 2026) во секојдневието преку надворешна („Out-Of-Home“) рекламна кампања ширум Милано.
Како дел од глобалната кампања „Отвореното секогаш победува“ („Open always wins“) на Samsung, улиците, плоштадите и транзитните централни точки се трансформираат во живописно платно, пренесувајќи ја енергијата и исчекувањето за претстојните Олимписки и Параолимписки Игри директно во ритамот на градскиот живот.
Визуелните решенија на кои се појавуваат спортистите – амбасадори од тимот „Samsung Galaxy“, го нагласуваат мотивот, издржливоста и отвореноста кои се во срцето на Олимписките и Параолимписките Игри. Серијата решенија ги истакнува италијанските спортисти Јакопо Лучини (Jacopo Luchini; пара-сноуборд), Флора Табанели (Flora Tabanelli) и Миро Табанели (Miro Tabanelli; скијање во слободен стил) и Иан Матеоли (Ian Matteoli; сноуборд), додека уживаат во нивните скапоцени моменти на олимпискиот пат со „Победнички селфи-фотографии“ (Victory Selfies) направени со Galaxy Z Flip7.

Кампањата се протега на десет клучни локации, вклучувајќи ги Катедралата во Милано (Duomo di Milano), Пирели 39 (Pirelli 39), Сан Бабила (San Babila) и Корсо Комо (Corso Como) и ја пренесува возбудата на зимските спортови надвор од натпреварувачките терени, директно во срцето на градот – домаќин. Рекламната кампања ќе трае од 1. до 28. февруари, при што одредени локации, вклучувајќи ги „Сан Бабила – Дурини“, ќе бидат активни до 15. март, а Катедралата во Милано до 31. март.
Како што се наближува Милано Кортина 2026, Samsung продолжува да ја поврзува својата порака „Отвореното секогаш победува“ со локалниот израз, отворајќи значајни моменти и приближувајќи ги луѓето до возбудата на Игрите.

Локации на надворешните реклами:
- Катедралата во Милано (Duomo di Milano)
- Порта Венеција (Porta Venezia)
- Корсо Комо – Порта Гарибалди (Corso Como – Porta Garibaldi)
- Пирели 39 (Pirelli 39)
- Кадорна – Виа Кардучи – Сан Николао (Cadorna – Via Carducci – San Nicolao)
- Виа Сан Паоло (Via San Paolo)
- Корсо Венеција – Виа Сенато (Corso Venezia – Via Senato)
- Сан Бабила (San Babila)
- Ларго Ла Фопа (Largo La Foppa)
- Палата Одеон (Palazzo Odeon)


