Новиот модел Magic8 Lite на Honor носи сосема ново искуство во средната класа паметни телефони, со врвна издржливост и неспоредливо траење на батеријата.
Глобалната компанија во областа на AI уреди, Honor неодамна го лансираше долгоочекуваниот Honor Magic8 Lite. Поставувајќи нови стандарди во сегментот на средната класа, Honor Magic8 Lite на уникатен начин обединува издржливост што е водечка во индустријата, моќна батерија со капацитет од 7500 mAh и импресивни фотографски можности.
Со лесен дизајн и подобрени перформанси, Honor Magic8 Lite претставува идеален избор за корисниците кои бараат избалансиран и разновиден паметен телефон од средната класа, а во Србија, секое купување на овој модел до 28 февруари доаѓа со подарок – Honor Choice Air Fryer.
Врвна издржливост со сеопфатна заштита
Позициониран како најиздржливиот паметен телефон на пазарот, најновиот Honor Magic8 Lite нуди целосна отпорност на падови, вода и прашина, со SGS Triple Resistant Premium Performance сертификат, што е прво такво признание во индустријата.
Honor Magic8 Lite носи и отпорност на вода на ниво на премиум модели. Уредот лесно поднесува сложени водени услови, вклучувајќи плакнење, прскање, валкана и заматена вода, високи температури на водата, па дури и млаз со ултра-висок притисок.

Водечки во индустријата по траење на батеријата со SuperCharge технологија
Опремен со силикон-јаглеродна батерија од 7500 mAh, Honor Magic8 Lite носи револуција во светот на батериите за паметни телефони. Благодарение на сопствениот алгоритам против стареење на батеријата, уредот е ултра-издржлив до шест години. Тоа им овозможува на корисниците да го користат телефонот до три дена без потреба од power bank.
Со следење на температурата на повеќе точки, батеријата работи сигурно во температурен опсег од -30°C до 55°C, обезбедувајќи оптимално функционирање дури и во екстремни услови.
Фотографско искуство поттикнато од вештачка интелигенција
Опремен со импресивна 108MP Ultra-sensing камера, Honor Magic8 Lite снима фотографии со исклучителни детали и прецизност при дневна светлина и обезбедува врвни резултати во ноќни услови. Главната камера поседува OIS + EIS стабилизација, која ефикасно го намалува заматувањето и тресењето, овозможувајќи ултра-јасни фотографии.
Дополнително, Honor Magic8 Lite интегрира AI фотографски функции како AI Eraser, AI Cutout, AI Outpainting, AI Upscale и AI Remove Reflection, кои го подобруваат квалитетот на фотографиите, оживувајќи го секој драгоцен момент.
Извонредна технологија на екран за целосно уживање во содржината
Honor Magic8 Lite доаѓа со 6,79-инчен Eye-comfort OLED екран, кој поддржува 1,07 милијарди бои и ултра-висока резолуција. Благодарение на новите напредни органски светлечки материјали и високата стапка на освежување од 120 Hz, екранот прикажува исклучително мазни движења и обезбедува подобрена одзивност.
Исто така, екранот нуди исклучително остар и јасен приказ благодарение на врвното HDR осветлување до 6000 нита. За удобност на очите, Honor Magic8 Lite нуди напредни Eye-comfort функции.
Подобрен хардвер за врвни перформанси
Уредот го придвижува Snapdragon 6 Gen 4 процесор и им обезбедува на корисниците подобрени графички перформанси. Енергетската ефикасност ја надополнува иновативната RAM Turbo технологија, која ефективно нуди искуство еквивалентно на 16 GB RAM, обезбедувајќи мазни перформанси и по долготрајна употреба.
Корисниците можат лесно да мултитаскуваат и да преминуваат меѓу апликации.

Бои, цена и достапност
За да одговори на различните стилови на корисниците, HONOR Magic8 Lite пристигнува во две бои: Midnight Black и Reddish Brown, а достапен е да се купи по малопродажна цена од 21.999 денари за варијантата со 512 GB простор за складирање.
Купувањето на Honor уредите може да се изврши исклучиво кај следните овластени партнери: Македонски Телеком АД Скопје, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, Нептун Македонија ДОО Скопје, Сетек Се од Техника и директни соработници на КомТрејд кои работат со Honor уреди.
Со купување на HONOR Magic8 Lite во периодот од 1 до 28 февруари, како подарок се добива Honor Choice Air Fryer, како и 365 дена бесплатна замена на екранот и задниот поклопец, како и поправка во случај на продор на вода (оксидација) кои важат од датумот на активирање на уредот, при што регистрацијата се врши автоматски. Корисникот има право на една замена на екранот и задниот поклопец и една поправка во случај на продор на вода (оксидација) во случај на физичко оштетување.
Регистрацијата за промоцијата се врши на веб-страницата: https://magic-8-lite.honorregistracija.mk/
———————-
За компанијата HONOR
HONOR е водечка глобална компанија во областа на AI уреди. Таа е посветена на трансформација на интеракцијата помеѓу луѓето и уредите, со цел да го поврзе AI екосистемот со сите потрошувачи во ерата на агентскиот AI и пошироко. Компанијата се стреми да ги отвори индустриските граници преку отворена, беспрекорна соработка и заеднички да создаде екосистем во кој вредноста ја споделуваат сите партнери од индустријата. Со иновативно портфолио на производи што опфаќа AI телефони, компјутери, таблети, носиви уреди и многу повеќе, HONOR има за цел да го зајакне секој поединец, овозможувајќи им на сите да го прифатат новиот интелигентен свет.
ЕКСКЛУЗИВНАТА ВИДЕО И ПИШАНА РЕЦЕНЗИЈА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ПОДОЛУ
ВИДЕО РЕЦЕНЗИЈА: Honor Magic8 Lite – Телефон создаден да преживее сè!


