По протекувањето информации и бројните гласини, компанијата Google конечно го призна постоењето на смартфонот Pixel 10a и официјално го најави неговото доаѓање на пазарот.
Google објави кратко тизер-видео, кое го прикажува телефонот од повеќе агли и открива дека неговата премиера ќе се одржи на 18 февруари. Истиот ден компанијата ќе започне и со примање преднарачки за овој уред.
Заинтересираните можат да ја посетат тизер-страницата на Google за Pixel 10a и да ја регистрираат својата е-mail адреса. По регистрацијата, ќе добијат ексклузивна понуда за овој телефон преку Google Store, но под услов претходно да не биле пријавени за добивање e-mail пораки.

Според неофицијалните информации, Pixel 10a ќе има 6,28-инчен FHD+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz, главна камера од 48 MP, ултраширока камера од 13 MP и селфи камера од 13 MP, како и 8 GB RAM и батерија со капацитет од 5.100 mAh.
Се очекуваат четири бои: Obsidian, Berry, Fog и Lavender, a Pixel 10a би можел да го користи истиот Tensor G4 процесор кој се наоѓа и во моделот Pixel 9a.

