Новите софтверски надградби на Apple, кои ќе бидат претставени на Конференцијата за програмери (WWDC) во 2026 година, можат да бидат релативно скромни, тврди Марк Гурман од Bloomberg.
Во неделниот билтен „Power On“, Гурман изјави дека iOS 27 ќе биде претставен на WWDC годинава, и иако ќе донесе понатамошни подобрувања во Apple Intelligence, настанот ќе биде „доволно скромен оваа година.“ Главната нова софтверска функција ќе биде „пoперсонализирана Siri со интерфејс на чет-бот,“ како што беше претходно најавувано, но софтверските платформи генерално ќе се фокусираат на подобрување на перформансите, корекција на грешки и доработка на дизајнот.

Гурман додаде дека првата бета верзија на iOS 26.4 ќе биде достапна за развивачите во текот на неделата на 23 февруари, и ќе содржи „некои компоненти“ од долгоочекуваните подобрувања на Siri.
WWDC 2026 најверојатно ќе биде објавена кон крајот на март и ќе се одржи во првата или втората недела од јуни. Големите нови софтверски надградби претставени на настанот најверојатно ќе бидат достапни за развивачи во бета верзија веднаш по главниот говор, а за јавноста ќе бидат објавени во есен.
