Пристигнува новата Galaxy S серија уреди, создадена да ги поедностави секојдневните интеракции, да инспирира доверба и да овозможи беспрекорна интеграција на Galaxy AI уште од првиот момент кога ќе го земете во рака
Подгответе се за ново мобилно искуство, дизајнирано да ви го олесни секојдневието преку отстранување на препреките со кои се соочувате секој ден. Пристигнува новата Galaxy S серија уреди, создадена да ги поедностави секојдневните интеракции, да инспирира доверба и да овозможи беспрекорна интеграција на Galaxy AI уште од првиот момент кога ќе го земете во рака.
На 25. февруари, во Сан Франциско, Samsung Electronics ќе го одржи настанот „Galaxy Unpacked“. Придружете ни се додека ги откриваме најновите Galaxy иновации на Samsung, означувајќи нова фаза на ерата во која вештачката интелигенција станува вистински лична и приспособлива. Настанот ќе се прикажува во живо на Samsung.com, Samsung.Newsroom и YouTube каналот на Samsung, со почеток од 19 часот по локално, македонско време.

Останете во тек и задолжително регистрирајте се на samsung.com/unpacked за да ги добиете сите претстојни новости и да имате пристап до ексклузивни поволности пред почетокот на „Galaxy Unpacked“ настанот во февруари 2026. Дополнително, сите заинтересирани од Македонија кои ќе се регистрираат на линкот пред 25. февруари, при купување на еден од новите Galaxy уреди кои ќе бидат претставени подоцна во месецот, ќе добијат подарок Samsung магнетен безжичен полнач од 25W.



