Во однос на моделот WF-1000X5, новите Sony слушалки ќе имаат повеќе микрофони, а со тоа и подобрено активно поништување на бучавата.
Sony на 12 февруари официјално ќе ги претстави своите нови flagship TWS слушалки, моделот WF-1000XM6, а во пресрет на самото претставување протекоа детали за нивните главни технички спецификации.
Според информациите, WF-1000XM6 ќе користат нов QN3e процесор, кој би требало да биде до три пати побрз од оној во претходниот модел. Новите слушалки ќе имаат осум прилагодливи микрофони, односно два повеќе од претходната генерација, што значи дека и системот за активно поништување на бучавата ќе биде подобрен.

Дополнително, новите Sony слушалки ќе добијат и нови звучнички единици, како и поддршка за низа напредни аудио технологии, вклучувајќи LDAC, DSEE Extreme, 10-појасен еквилајзер, Auracast и Multipoint поврзување. Поддржани се и Google системите за брзо спарување со уреди – Fast Pair и Swift Pair.
Кога станува збор за автономијата, таа би требало да изнесува до 8 часа со едно полнење, додека куќиштето овозможува уште две дополнителни полнења. Со други зборови, корисниците би можеле да добијат до 24 часа слушање, што не е на самиот врв, но е сосема солидно.

Sony наводно работел и на ергономијата, па слушалките би требало подобро да прилегаат во увото, а во пакувањето ќе има наставки за уши во четири различни големини. Меѓу останатите функции се споменува поддршка за 360 Reality Audio со следење на движењето на главата, како и унапреден Ambient Mode со три автоматски профили.
Се очекува слушалките да чинат околу 320 евра.
