Nvidia разгледува нов Shield TV кој би донел поддршка за AV1, нови Dolby Vision профили и Samsung HDR10+ за подобро и поквалитетно гејминг и мултимедијално искуство.
Компанијата Nvidia размислува за лансирање нова верзија на својот популарен Android TV уред Shield TV, кој конечно би можел да добие поддршка за Samsung HDR10+ форматот. Иако Shield TV првпат беше претставен пред речиси десет години, и натаму важи за еден од најмоќните Android TV стриминг уреди на пазарот, но му недостасуваат одредени современи видео технологии.
Потпретседателот на Nvidia задолжен за хардверски инженеринг, Ендрју Бел, потврди дека компанијата ги истражува можностите за нов хардвер во рамки на Shield TV линијата. Според него, идниот модел би бил фокусиран на поддршка за модерни видео кодеци како AV1, како и дополнителни HDR формати, вклучувајќи нови Dolby Vision профили и HDR10+ за локална репродукција на содржини.

Shield TV и HDR10+ како логичен чекор
Бел откри и интересен детал во врска со долгорочната поддршка за Shield TV уредите. Според неговите наводи, извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, лично се обврзал на практично доживотна софтверска поддршка за Shield TV, поради што засега нема планови за прекин на поддршката на постојните модели.
Од хардверски аспект, Shield TV и понатаму ја надминува поголем дел од Android TV конкуренцијата благодарение на Tegra процесорот со четири Cortex-A57 процесорски јадра и моќен графички подсистем. Токму поради тоа, уредот и натаму се смета за референца во својата класа, дури и по една деценија присуство на пазарот.
Потенцијалниот нов Shield TV би се вклопил особено добро со Samsung телевизорите, бидејќи поддршката за HDR10+ би овозможила поквалитетен приказ на локален HDR содржај без потпирање исклучиво на Dolby Vision. Постои и надеж дека Nvidia во новата генерација би можела да додаде и поддршка за HDR10+ Advanced, кој претставува директна конкуренција на Dolby Vision 2 форматот.
Засега Nvidia не потврди датум на лансирање ниту конкретни спецификации на новиот уред, но самата фактичка состојба дека нов Shield TV активно се разгледува укажува дека компанијата и понатаму гледа значителен потенцијал во овој сегмент од пазарот, пренесува Sammobile.
