Минатата недела, основачот на компанијата SpaceX, Елон Маск ги информираше вработените во компанијата xAI дека сака да постави фабрика на Месечината за производство на сателити со вештачка интелигенција (AI), а исто така зборуваше и за изградба на колосален катапулт на лунарната површина за да ги лансира во вселената.
„Моја проценка е дека во следните две до три години, најевтиниот начин за обезбедување на компјутерски капацитет за вештачка интелигенција ќе биде во вселената“, напиша Маск во објава од 2 февруари, со која беше најавена аквизицијата на компанијата xAI од страна на SpaceX.
Тоа уверување го потврди на 11 февруари на состанок со персоналот на xAI, а снимката компанијата ја објави на X. Маск рече дека, иако лансирањето на AI сателити од Земјата е непосреден фокус, новата мегаракета на SpaceX, Starship, исто така ќе овозможи операции на други светови.
„Благодарение на напредокот како што е трансферот на погонско гориво во вселената, Starship ќе биде способен да достави огромни количини товар на Месечината. Откако ќе се стигне таму, ќе биде можно да се воспостави трајно присуство за научни и производни активности“, додаде Маск.

Тој наведува дека фабриките на Месечината можат да ги искористат лунарните ресурси за производство на сателити и нивно распоредување во вселената.
„Со користење на електромагнетен погон за маса и лунарно производство, можно е да се испратат 500 до 1.000 TW годишно AI сателити во длабоката вселена, значително да се зголеми на Кардашевата скала и да се искористи нетривијален процент на сончева енергија“, рече Маск.
Маск не е првата личност која предложила употреба на mass driver-и, кои всушност се шини-топови, а кои би се наоѓале на Месечината. Тој го следи патот на вселенскиот визионер Gerard O’Neill, кој ја изнел идејата уште во 1974 година.
Mass драјверите, засновани на дизајн на топ со завојници, можат да се прилагодат за забрзување на немагнетен објект. Една примена што О’Нил ја предложил е фрлање на парчиња руда со големина на бејзбол топче ископани од површината на Месечината во вселената. Рудата би можела да се користи како суровина за изградба на вселенски колонии и сателити за соларна енергија.

О’Нил работел на mass driver-и во Massachusetts Institute of Technology, заедно со колегата Хенри Колм и група студенти-волонтери за да го конструираат својот прв прототип.
Поддржани од грантови на Институтот за вселенски студии, подоцнежните прототипови го подобрувале концептот, покажувајќи дека mass driver долг само 160 метри може да испрати материјал од површината на Месечината.
Колм, О’Нил и студентите истражувачи демонстрирале лабораториски систем за кој верувале дека може да се скалира до оперативен mass driver долг неколку километри, за да испорачува 600.000 тони годишно до една од Лагранжовите точки на системот Земја-Месечина.
Robert Peterkin неодамна ја потврди можноста на mass driver-ите базирани на Месечината. Тој во 2023 година поднел извештај до Канцеларијата за научни истражувања на Военото воздухопловство (AFOSR) со наслов „Lunar Electromagnetic Launch for Resource Exploitation to Enhance National Security and Economic Growth“.

„Модерниот електромагнетен лансер е врвен избор, бидејќи може да ја користи обилната соларна енергија како примарен извор на енергија наместо увоз на хемиско ракетно гориво од Земјата. Владата на САД треба да го финансира развојот на постоечкиот електромагнетен систем за лансирање на авиони, кој сега сигурно работи на нуклеарниот носач на авиони Gerald R. Ford на американската морнарица, за да се постигне поголема брзина со помала маса, за сигурно лансирање на Месечината. Првата фаза на развојниот циклус за месечевиот екосистем ќе се потпира на снабдување на машини, структури и придружни системи од Земјата. SpaceX Starship со можност за испорака од 100 тони на лунарната површина ќе биде вистински покретач. SpaceX и NASA развиваат планови за воспоставување на лунарна оперативна база и препорачуваме оваа база да се избере за да се овозможи сигурен и функционален лунарен електромагнетен систем за лансирање“, напиша Питеркин.
Во документ од 30 страници е нагласено дека Месечината е богата со корисни ресурси, вклучувајќи силициум, титаниум, алуминиум и железо. Исто така, се навестува можност за користење на лунарна вода.
„Лунарната економија ќе ги користи овие лунарни ресурси за снабдување, поправка и гориво за вселенски летала во лунарна орбита по пониски цени отколку што би било случај со испорака на копнени ресурси од длабокиот гравитациски бунар на Земјата“, наведува Питеркин во извештајот.

