Разговаравме со Атила Селим, Директор на дирекцијата за дигитално банкарство во Халк банка, за стратегијата зад мобилното банкарство, e-commerce инфраструктурата, примената на AI, безбедносните стандарди и визијата на банката за следната фаза на технолошка еволуција во финансискиот сектор.
Разговараше: НИКОЛА БУРАГЕВ
Дигитализацијата во банкарството денес значи многу повеќе од онлајн услуги – таа претставува темелна трансформација на моделот на работа, односот со клиентите и развојот на нови финансиски решенија. Халкбанк во изминатите години интензивно инвестира во дигитални канали, безбедносна инфраструктура и иновативни технологии, со јасна цел да изгради целосно „digital-first“ екосистем кој ќе одговори на современите навики и очекувања на клиентите.
Во ексклузивно интервју за Конект.мк, Атила Селим, Head of Digital Banking во Халкбанк, зборува за стратешките приоритети во дигиталната трансформација, развојот на e-commerce инфраструктурата, примената на вештачка интелигенција, Open Banking иницијативите и идната визија на Халк банка во ерата на AI, instant payments и биометриска автентикација.
Каква е дигиталната стратегија на Халкбанка и кои се главните цели и приоритети во рамки на дигиталната трансформација?
Дигиталната стратегија на Халкбанк е темелно изградена врз потребите, навиките и очекувањата на клиентите, со јасна цел да им обезбеди едноставно, безбедно и целосно достапно банкарско искуство во секое време и на секое место. Уште од самото доаѓање на македонскиот финансијски пазар, услугата и пристапот се клучните елементи кон кои се ориентираме како банка, а дигитализацијата е таа која успева да го усоврши тој пристап земајќи во предвид колку многу значи времето и нејзиното рационално искористување за секој еден човек, во оваа ера на делување.
Токму затоа, во фокусот на нашата дигитална трансформација е подготовката за целосна достапност на услугите преку мобилното и онлајн банкарство, сегмент во кој Банката се позиционира како единствена на пазарот, нудејќи интегрирани, функционални и кориснички ориентирани решенија.
Наш приоритет е континуираното усовршување, поедноставување и автоматизација на процесите, со што им овозможуваме на клиентите побрзо, поефикасно и поинтуитивно користење на услугите, а истовремено ја зголемуваме оперативната ефикасност. Паралелно, активно работиме на унапредување на иновативните дигитални производи и решенија, кои одговараат на современите финансиски потреби и го следат динамичниот начин на живот на корисниците.
Особено внимание посветуваме на високото ниво на безбедност и целосната усогласеност со регулативата, како клучни предуслови за градење доверба и долгорочни односи со клиентите. Во таа насока, постојано инвестираме во напредни технолошки системи и заштитни механизми за заштита на податоците и трансакциите.
Дополнително, дигиталната стратегија на Банката се базира и на интелигентно користење на податоците, со цел развој на персонализиран пристап, подобро разбирање на потребите на клиентите и креирање супериорно корисничко искуство. Преку анализата на податоци и дигиталните алатки, им нудиме релевантни, навремени и прилагодени финансиски решенија.
На овој начин, дигиталната трансформација за нас не претставува само технолошка надградба, туку стратешки процес насочен кон создавање модерна, флексибилна и клиентски ориентирана банка, подготвена да одговори на предизвиците на идното банкарство.
Халкбанк последниве години интензивно инвестира во дигитални канали. Дали веќе зборуваме за целосен „digital-first“ пристап во работењето и како тоа конкретно се рефлектира во развојот на производите и услугите?
Халкбанк направи суштински чекор кон digital-first оперативен модел, каде дигиталниот канал станува примарен како цел, а физичката инфраструктура – поддржувачка. Нашата достапност останува во секој сегмент за секоја таргет група при што интезивно се работи и ќе се работи во забрзувањето на процесите и во самите филијали со цел сите наши клиенти да ја почуствуваат брзината на делување, а воедно ќе се истакнуваат бенефициите од дигиталните канали како предност и посебно внимание и третман кон нашите клиенти.
Овој пристап најјасно се рефлектира преку можноста за дистанциско отворање сметки и користење банкарски услуги без потреба од физичка посета на филијала. Клиентите денес можат целосно онлајн да аплицираат за сите видови картички, да отворат депозит, да поднесат барање за кредит или овердрафт, како и да иницираат зголемување на лимитите за различни производи, што значително ја зголемува достапноста и удобноста.
Мобилната апликација прерасна во централна банкарска платформа за секојдневните финансиски активности, преку која корисниците управуваат со своите сметки, плаќања, трансакции, штедење и кредити, на едноставен и интуитивен начин. Таа претставува основен столб на нашата „digital-first“ стратегија и клучен инструмент за современо банкарско искуство.
Понатаму, Банката применува пристап на брз развој и лансирање на нови функционалности, базиран на реални податоци за користење и повратни информации од клиентите. Преку континуирана анализа на навиките и потребите, дигиталните решенија постојано се унапредуваат и прилагодуваат, со цел да бидат што порелевантни, поефикасни и пофункционални.
Во делот на корпоративните клиенти, „digital-first“ пристапот се реализира преку интегрирани решенија за бизнисите, особено во областа на е-трговијата и дигиталните плаќања. Банката обезбедува современи платформи и алатки кои им овозможуваат на компаниите лесно прифаќање онлајн плаќања, поврзување со е-продавници и поефикасно управување со финансиските текови.
Сето ова покажува дека „digital-first“ пристапот кај Халкбанк не е само технолошка ориентација, туку стратешка определба за развој на производи и услуги што се целосно усогласени со современиот начин на живот и работење, со фокус на достапност, брзина, персонализација и супериорно корисничко искуство.
Кога станува збор за e-commerce инфраструктурата што ја нуди Халкбанк, кои се клучните технолошки компоненти (payment gateway, API интеграции, tokenization, recurring payments) што ја прават платформата конкурентна на пазарот?
Е-commerce инфраструктурата на Халкбанк е изградена врз модерна, сигурна и безбедносно засилена технолошка архитектура, која овозможува високо ниво на функционалност, стабилност и доверба кај трговците и крајните корисници. Токму оваа основа ја прави платформата конкурентна и препознатлива на пазарот, особено во сегментот на ПОС терминалите (acquiring) и e-commerce услугите.
Во сржта на системот се наоѓа напреден payment gateway, поддржан со сигурни API интеграции, кои овозможуваат лесно поврзување со различни e-commerce платформи и бизнис-системи. Ова им овозможува на трговците брза имплементација, флексибилност и стабилна обработка на трансакциите, без сложени технички процеси.
Посебна предност претставува поддршката за tokenization и високо ниво на заштита на платежните податоци, со што се минимизираат ризиците од злоупотреба и се обезбедува безбедно онлајн плаќање. Дополнително, платформата овозможува real-time авторизација, што значи дека трансакциите се процесираат веднаш, со брз одговор и минимално чекање за клиентите.
Во делот на напредните функционалности, Банката се издвојува со можност за плаќање на рати, што значително ја зголемува куповната моќ на корисниците, единствена лојалти (Бонус) програма во овој сегмент, која ги мотивира клиентите за повторни купувања, поддршка за recurring payments, особено важна за претплатнички модели и континуирани услуги и интегриран 3-D Secure систем и напредни anti-fraud алгоритми, кои обезбедуваат високо ниво на заштита од измами и неовластени трансакции.
Како дел од континуираното унапредување, од неодамна е воведен и дополнителниот канал за наплата „Pay by Link“, кој им овозможува на компаниите да реализираат онлајн продажба преку испраќање платежен линк до клиентите. Преку овој линк, корисниците можат едноставно и безбедно да го извршат плаќањето за производот или услугата, без потреба од класична e-shop инфраструктура. Ова решение е особено значајно за мали и средни бизниси и за компании кои брзо сакаат да влезат во дигиталната продажба.
Сите овие технолошки компоненти – напредниот payment gateway, стабилните API интеграции, tokenization механизмите, recurring плаќањата, real-time авторизацијата и безбедносните системи – создаваат интегрирана и доверлива e-commerce платформа. Како резултат, се зголемува конверзијата, се подобрува корисничкото искуство и се зајакнува довербата кај трговците и клиентите.
На тој начин, Халкбанк не нуди само техничка инфраструктура, туку комплетно дигитално решение кое им помага на бизнисите поефикасно да растат, да продаваат онлајн и да бидат конкурентни во современата дигитална економија.

Атила Селим – Директор на дирекцијата за дигитално банкарство во Халкбанк
Како Халкбанк ги користи податоците за унапредување на дигиталните банкарски производи – дали анализата на трансакциско однесување влијае врз персонализација на услуги или креирање нови платежни модели?
Нашиот пристап во користењето на податоците е длабоко поврзан со нашето мото „Важни се луѓето“ и со стратешката определба секој клиент да биде во центарот на дигиталниот развој. Анализата на податоците не ја гледаме како технички процес, туку како алатка за подобро разбирање на реалните потреби, навики и очекувања на различните групи во општеството.
Тој пристап се темели на сеопфатно опфаќање на сите сегменти – од пензионери, приматели на плата, млади и жени, па сѐ до најмладата популација, преку Junior производот, со кој нудиме современи дигитални решенија и за децата. Секој од овие сегменти има специфични финансиски навики и потреби, а токму анализата на трансакциското однесување ни овозможува тие разлики прецизно да ги препознаеме и адресираме.
Преку интелигентна обработка на податоците од трансакциите, начинот на користење на производите и каналите, како и преку формалната и неформалната комуникација со клиентите, Банката добива целосна слика за нивното финансиско однесување. Овие сознанија директно влијаат врз персонализацијата на услугите и понудите, креирањето нови платежни и дигитални модели, унапредувањето на постојните функционалности и развојот на решенија што го олеснуваат секојдневното работење и живеење на клиентите.
Дополнително, при развојот на новите производи активно ги користиме и странските искуства, како и know-how-то и практиките на нашиот главен акционер, што ни овозможува да ги примениме најдобрите меѓународни стандарди во локален контекст.
Ваквиот аналитички и персонализиран пристап преовладува во креирањето на сите наши дигитални производи. Посебно внимание се посветува на секоја функционалност која може значително да го унапреди корисничкото искуство и да ја зголеми практичната вредност за клиентите, што претставува една од нашите клучни конкурентски предности.
Како резултат на тоа, Банката постепено се трансформира од традиционален финансиски сервис во проактивен финансиски советник, кој не само што реагира на потребите на клиентите, туку ги предвидува и им нуди навремени и соодветни решенија.
Воедно, преку ваквиот пристап значајно придонесуваме кон создавање конкурентска дигитална средина и кон подигнување на свеста за важноста на дигитализацијата во општеството. Најголемиот бенефит од овој процес го имаат токму луѓето – нашите клиенти – кои добиваат поедноставни, побезбедни, поприлагодени и поефикасни банкарски услуги.
Во делот на дигитални плаќања, колку мобилните апликации, дигиталните паричници и contactless технологијата го менуваат однесувањето на клиентите и како Халкбанк се позиционира во овој сегмент?
Брзиот раст на мобилните плаќања, дигиталните паричници и contactless технологијата фундаментално ги менува навиките на клиентите, кои сè повеќе очекуваат плаќањата да бидат моментални, едноставни и максимално безбедни. Во тој контекст, Халкбанк АД Скопје е горда што е директен придонесувач во развојот и прифаќањето на овие современи алатки на домашниот пазар.
Како банка, бевме први што ја пласираа contactless технологијата во земјата, со што овозможивме побрзи и поудобни плаќања без физички контакт. Паралелно, воведовме уникатно мобилно банкарство и мобилен паричник, кои станаа основа за секојдневното финансиско функционирање на голем број клиенти.
Денес, Банката е позиционирана како лидер во сегментот на дигитални плаќања, нудејќи широк спектар на модерни решенија. Клиентите имаат можност да користат различни глобални и локални платформи за мобилно плаќање, како и напредни дигитални паричници, што им овозможува флексибилност и избор според нивните лични навики.
Она што особено нè издвојува на пазарот е фактот што во моментов сме единствени каде што клиентите можат да плаќаат буквално „со сè“ – не само со мобилен телефон или картичка, туку и со паметни часовници, прстени, привезоци, модерни алки, детски алки и други носливи уреди. Овој иновативен пристап ја редефинира удобноста и ја прави дигиталната платежна инфраструктура достапна за различни генерации и животни стилови.
Влијанието врз однесувањето на клиентите е јасно видливо: сè повеќе се напушта готовината, се зголемува фреквенцијата на мали и брзи трансакции, а плаќањето станува составен дел од дигиталното секојдневие. Клиентите ја ценат можноста да плаќаат веднаш, без чекање и без дополнителни чекори, со високо ниво на сигурност.
Халкбанк континуирано инвестира во овој сегмент, следејќи ги глобалните трендови и воведувајќи најсовремени технологии. Благодарение на тоа, Банката е препознатлива како еден од главните двигатели на безготовинската економија во земјата и како институција која активно придонесува кон модернизација на платежните навики.
На овој начин, преку иновации, достапност и сигурност, Халкбанк успешно се позиционира како лидер во дигиталните плаќања, нудејќи им на клиентите слобода, удобност и сигурност во секоја трансакција.
Безбедноста е клучен фактор во дигиталното банкарство. Кои напредни безбедносни технологии (biometric authentication, multi-factor authentication, real-time fraud monitoring) се имплементирани во системите на Халкбанк?
Безбедноста претставува еден од темелните столбови на дигиталната стратегија на Халкбанк, бидејќи довербата на клиентите е предуслов за успешно и одржливо дигитално банкарство. Во услови на сè поголема дигитализација и зголемени сајбер-ризици, Банката континуирано инвестира во напредни безбедносни технологии и системи за заштита на податоците и трансакциите.
Она што е најважно е дека ние сме PCI DSS сертифицрана банка. PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) сертификацијата значи дека банката работи според највисоките меѓународни стандарди за безбедност на платежните картички, обезбедувајќи максимална заштита на податоците и сигурност на трансакциите за клиентите. Сертификацијата ја потврдува надворешен акредитиран аудит, кој проверува дали сите барања се исполнети. Безбедноста е поставена како фундамент на дигиталната трансформација. Во голем дел имплементирани и во процес на усовршување се повеќе заштитни механизми.
Во мобилното и онлајн банкарство е имплементирана biometric authentication, која овозможува пристап преку отпечаток од прст, препознавање на лице или други биометриски карактеристики, во зависност од уредот. Ова значително го зголемува нивото на сигурност, а воедно им овозможува на клиентите брз и едноставен пристап до своите сметки и услуги.
Покрај тоа, Банката користи multi-factor authentication (MFA) како стандарден безбедносен механизам при најчувствителните активности, како што се најавување, извршување трансакции, промени на лични податоци и активирање нови услуги. Овој пристап комбинира повеќе нивоа на заштита – лозинка, еднократни кодови, биометрија и уредна верификација – со што значително се намалува можноста за неовластен пристап.
Во делот на превенција од финансиски измами системот за real-time fraud monitoring во реално време ги анализира трансакциите, моделите на однесување и потенцијалните ризици. Преку напредни аналитички алатки и автоматизирани алгоритми, сомнителните активности се детектираат веднаш, по што се активираат дополнителни проверки и заштитни механизми.
Дополнително, безбедносната инфраструктура се поддржува со енкрипција на податоците на највисоко ниво, сигурна токенизација на чувствителните информации, континуирано следење на системите и ранливостите, редовни безбедносни тестирања и ажурирања и целосна усогласеност со регулативата и меѓународните стандарди.
Сите овие технологии функционираат како интегриран безбедносен екосистем, кој обезбедува проактивна заштита и навремена реакција на потенцијалните закани.
На тој начин, Халкбанк не само што ги штити финансиските средства и податоците на своите клиенти, туку и создава сигурна дигитална средина во која корисниците можат со целосна доверба да ги користат современите банкарски услуги.

Атила Селим – Директор на дирекцијата за дигитално банкарство во Халкбанк
Open Banking и API економијата отвораат простор за соработка со финтек компании. Каква е стратегијата на Халкбанк во однос на интеграции и развој на нови дигитални сервиси преку партнерства?
Open Banking и API економијата претставуваат важен двигател на иновациите во современото банкарство, а Халкбанк стратешки се позиционира како отворен и подготвен партнер во овој развоен процес. Од инфраструктурен аспект, Банката е технолошки подготвена да ги пречека овие иницијативи, а клучните насоки ни се API-базирани интеграции со финтек компании, ко-креирање нови дигитални сервиси и побрза иновација преку партнерства.
Законот овозможува партнерства и здрава конкуренција и во Финтек екосистемот при што тука сме да подржиме секаква иницијатива кој во крајна инстанца ќе биде рационлана и важна за луѓето. Во тој контекст, Халкбанк се позиционира како институција која е отворена за соработка и поддршка на сите иницијативи што се рационални, одржливи и насочени кон создавање реална вредност за луѓето.
Во крајна линија, стратегијата на Банката во доменот на Open Banking не е насочена само кон технолошка интеграција, туку кон создавање динамична платформа за иновации, преку која клиентите ќе добиваат понапредни, пофлексибилни и поприлагодени дигитални услуги. На тој начин, Халкбанк активно придонесува кон развојот на модерен, конкурентен и отворен финансиски екосистем во земјата.
AI сè повеќе влегува во финансискиот сектор – од автоматизација на процеси до предиктивна анализа и customer support. На кои конкретни полиња Халкбанк веќе применува или планира да применува вештачка интелигенција?
Вештачката интелигенција сè повеќе се наметнува како еден од клучните двигатели на трансформацијата во финансискиот сектор, а Халкбанк ја препознава AI како стратешка алатка за унапредување на ефикасноста, квалитетот на услугите и долгорочната одржливост на работењето.
Забрзувањето на интерните процеси и рационализацијата на оперативните трошоци се меѓу главните приоритети на Банката, бидејќи тие директно придонесуваат кон зголемување на рентабилноста, подобрување на услугите и зголемување на вкупната ефективност и ефикасност. Во таа насока, вештачката интелигенција претставува едно од клучните решенија за остварување на овие цели.
Она што се анализира и комуницира постапно за нејзина примена се неколку сегменти. Како прво, автоматизација на back-office процеси, каде што AI овозможува побрза обработка на документација, верификација на податоци, обработка на барања и намалување на рачните интервенции. Потоа, во сегментот предиктивна аналитика за ризик и продажба, бидејќу постои можност за подобро предвидување на кредитниот ризик, навремено препознавање на потенцијални проблеми, како и поефикасно таргетирање на клиентите со соодветни производи и услуги персонализирани препораки и финансиски Cross Sell совети. Во сегментот на корисничката поддршка, постои можност за користење напредни чат-ботови и дигитални асистенти, кои обезбедуваат 24/7 поддршка, брзи одговори на најчестите прашања и насочување кон соодветни услуги. И секако, во сегментот на напредното откривање измами, преку анализа на големи количини податоци во реално време, препознавање нетипични обрасци и навремена превенција на потенцијални злоупотреби.
Во секој случај, AI веќе станува клучен катализатор на ефикасност и персонализација. Нашиот пристап е внимателен, стратешки и усогласен со регулативата, со јасна цел AI да биде во функција на подобро искуство за клиентите, поголема оперативна извонредност и одржлив раст на Банката во дигиталната ера.
Гледајќи 3 до 5 години однапред, како технологии како AI, biometric authentication, instant payments и blockchain ќе влијаат врз дигиталната трансформација на Халкбанк и каква е вашата визија за следната фаза на технолошка еволуција?
Сосема е јасно дека технолошките иновации ќе имаат суштинско влијание врз начинот на кој се развива дигиталното банкарство, а Халкбанк стратешки се подготвува да биде активен носител на овие промени, а не само нивен следбеник.
Во наредниот период се очекува особено силно влијание од неколку клучни технологии, кои ќе ја дефинираат следната фаза на дигиталната трансформација.
Пред сè, AI-асистираното банкарство ќе овозможи развој на персонални дигитални финансиски советници, кои ќе им помагаат на клиентите во управувањето со буџетот, штедењето, инвестирањето и планирањето на финансиските цели. Вештачката интелигенција ќе овозможи проактивен пристап, при што Банката ќе може навремено да предлага решенија, наместо да реагира само на барања.
Биометриската автентикација постепено ќе стане доминантен механизам за дигитален идентитет. Во иднина, најавувањето и потврдувањето трансакции преку отпечаток, лице, глас или други биометриски карактеристики ќе стане стандард, со што ќе се постигне уште поголема безбедност и едноставност во користењето на услугите.
Instant payments ќе се наметнат како нов глобален стандард во платежниот промет, овозможувајќи трансакции во реално време, 24/7, без одложувања. Ова ќе го трансформира начинот на кој клиентите и бизнисите управуваат со ликвидноста и ќе овозможи побрзи, пофлексибилни и поефикасни финансиски текови.
Во поширокиот контекст, blockchain технологијата и дистрибуираните системи ќе имаат сè поголема улога во делот на сигурноста, транспарентноста и автоматизацијата на одредени процеси, особено кај дигиталните договори, верификацијата и меѓубанкарските трансакции.
Паралелно со овие технологии, ќе постои комплетно нео-банкинг искуство, засновано на „Digital First“ пристап. Тоа подразбира дека дигиталните канали ќе бидат примарен начин на интеракција со клиентите, со целосно персонализирано, интуитивно и беспрекорно корисничко искуство.
Стратешката визија на Халкбанк е да прерасне во целосно дигитална, интелигентна и екосистемски интегрирана финансиска институција, подготвена за идната ера на финансиски услуги.



