Apple развива носeчки AI додаток со големина на AirTag, кој би функционирал во комбинација со iPhone и би се потпирал на новите Siri функции, со можност за премиера во 2027 година.
Според информации објавени од Bloomberg, Apple разгледува лансирање на целосно нов нослив додаток кој треба да претставува „пробив“ во областа на вештачката интелигенција. Уредот се опишува како привезок со големина на AirTag, наменет да работи во пар со iPhone, а не како самостоен производ.
Според наводите на Mark Gurman, новиот уред на Apple донекаде потсетува на неуспешниот Humane AI Pin, но со клучна разлика: би бил замислен исклучиво како додаток за iPhone. Привезокот би имал постојано активна камера и микрофон за гласовни команди преку асистентот Siri, но без екран и без ласерски проектор.

AI привезок како додаток за iPhone, а не самостоен уред
Иако би поседувал сопствен чип, неговите перформанси би биле ограничени, па најголемиот дел од обработката на податоците би се потпирал на поврзаниот iPhone. Внатре во Apple, наводно, сè уште се води дискусија дали уредот треба да добие и вграден звучник.
Додатокот би можел да се закачи на облека или да се носи околу врат, со помош на лента или синџир што би се провлекувал низ отвор на куќиштето.
За проектот претходно известуваа и новинарите од порталот The Information, кои наведуваат дека развојот сè уште е во рана фаза и дека постои можност Apple целосно да се откаже од идејата. Сепак, во најдобар случај, уредот би можел да се појави на пазарот веќе во 2027 година.
Привезокот се поврзува со планираните големи унапредувања на Siri, вклучително и персонализирани функции што пристигнуваат со iOS 26.5, како и целосна chatbot функционалност најавена за iOS 27. Во тој контекст, новиот додаток би можел да послужи како постојано достапен интерфејс за Siri и AI функциите.
Покрај овој проект, Apple наводно паралелно развива и паметни очила, како и AirPods слушалки со камери, што укажува на поширока стратегија за влез во сегментот на носливи AI уреди



