Honor потврди дека на Светскиот Мобилен конгрес (MWC 2026) во Баселона ќе ги донесе преклопниот телефон Magic V6 и Honor Robot Phone – а сега компанијата откри и дополнителни уреди што ќе бидат претставени на конференцијата, вклучувајќи и уште еден робот!
Honor Magic V6 ќе ја понесе титулата за преклопен телефон со најголема батерија. Покрај тоа, компанијата ќе ги претстави и таблетот Honor MagicPad 4 и лаптопот Honor MagicBook Pro 14, кои ќе имаат „ултра-тенок“ дизајн и, секако, интегрирана вештачка интелигенција.
Еве нешто што нè изненади – Honor ќе го претстави својот прв хуманоиден робот. Засега тоа е сè што се знае за него, освен тизер-фотографијата погоре и тизер-видеото подолу.

Honor сериозно инвестира во развој на технологии базирани на вештачка интелигенција, а хуманоидните роботи се сосема поинаква категорија од големите јазични модели (LLM). На некој начин, тие се многу потешки за развој, бидејќи не можете едноставно да го „пребарате“ интернетот за податоци за обука, како што е случај со LLM.
Надоврзувајќи се на Alpha Plan што го претстави на минатогодишниот MWC, Honor вели дека „овогодишното лансирање ќе го истакне нашиот најнов напредок – од премиум уреди до иновации во роботиката – дополнително унапредувајќи ја нашата визија за иднина во која човекот и машината функционираат во синергија.“
