Компанијата OpenAI наводно подготвува „паметен“ звучник кој ќе има вградена камера, но тоа е само еден од трите уреди што доаѓаат.
Откако OpenAI го презеде дизајнерскиот стартап на поранешниот главен дизајнер на Apple, Jony Ive, кружат гласини за тоа каков производ ќе произлезе од оваа соработка. Јасно е дека станува збор за некаква форма на хардвер – првпат за OpenAI.
Во почетокот, инсајдерите најавуваа AI пенкало, а потоа траговите водеа кон нешто поедноставно – AI слушалки. Сепак, сега извори запознаени со ситуацијата тврдат дека во развој се три хардверски производи: нослив уред сличен на игла (AI pin), паметни очила и паметен звучник. Првиот што би можел да се појави на пазарот е токму звучникот.

Screenshot
Наводно, тим од повеќе од 200 луѓе интензивно работи на хардверските проекти. Гласините укажуваат дека звучникот ќе чини околу 200 или можеби дури 300 долари и ќе има вградена камера. Доколку тоа веќе не предизвикува загриженост околу приватноста, треба да се нагласи дека нема да постои „будилна фраза“. Наместо тоа, уредот постојано ќе биде свесен за својата околина и ќе препознава контекст. Изворите најавуваат и функција слична на Face ID за автентикација, а можеби и можности за купување преку самиот уред.
Според најавите, уредот ќе биде релативно скап и нема да се појави на пазарот оваа година, туку наредната. По звучникот, паметните очила се очекуваат во 2028 година, додека сè уште не е познато кога ќе биде претставен AI pin.
