iPhone 17e и нови iPad модели, а во фокусот се и долгоочекуваниот поевтин MacBook со A18 Pro чипсет, како и освежените модели на MacBook Air и MacBook Pro.
Apple во среда, на 4 март, ќе организира специјални Apple Experience настани во Њујорк, Лондон и Шангај, но нема да станува збор за класична keynote презентација. Наместо тоа, претставниците на медиумите ќе можат од прва рака да ги испробаат новите уреди, а Apple ќе ги најави во деновите пред настанот преку соопштенија за јавност.

Се очекува пристигнување на новиот iPhone 17e, заедно со нови модели на iPad и MacBook. Поконкретно, Apple од таблет сегментот ќе го претстави iPad од 12. генерација со A18 SoC и поддршка за Apple Intelligence, како и нови модели на iPad Air во големини од 11 и 13 инчи со M4 SoC.
Кога станува збор за MacBook, Apple конечно би требало да го претстави долго најавуваниот поевтин MacBook со A18 Pro SoC, и тоа во повеќе бои. Според гласините, станува збор за жолта, зелена и сина боја, какви што беа видени на поканата, додека претходно се споменуваа и розова, сребрена и темносивa опција. Исто така, се очекуваат нови MacBook Air и Pro модели со надградени M5, M5 Pro и M5 Max SoC процесори.

Џон Грубер од порталот Daring Fireball смета дека Apple новите производи ќе ги претставува од ден во ден и дури го предвиде редоследот на лансирање. Според неговите наводи, iPhone 17e би можел да пристигне следниот понеделник, новите iPad модели во вторник, а MacBook компјутерите во среда.
Сите детали за новите производи на Apple, како и обично, ќе можете да ги прочитате кај нас на порталот.



