Google гради уште еден дата-центар во Texas и тврди дека овој ќе користи „напредна технологија за воздушно ладење“ со цел да ја ограничи потрошувачката на вода. Компанијата наведува дека употребата на вода ќе биде сведена само на „критични операции во кампусот“, како што се кујните.
Овие детали следуваат по претходно најавената двегодишна инвестиција од 40 милијарди долари што компанијата му ја вети на Тексас. Google исто така посочува околу 7.800 MW нето производство на енергија и капацитет договорен со добавувачи на комунални услуги, кој треба да биде додаден во електроенергетската мрежа на Тексас.
Одлуките на компанијата поврзани со ресурсите доаѓаат во време кога заедници ширум земјата се откажуваат од изградба на дата-центри, поради загриженост дека тие ги зголемуваат сметките за струја, ги влошуваат глобалните емисии на стакленички гасови и често користат огромни количини свежа вода. Сепак, извршниот директор на OpenAI, Sam Altman, изјави дека грижите околу водата се „лажни“ и дека „и за обука на човек е потребна многу енергија“.

Сè повеќе луѓе од технолошкиот сектор, вклучително и извршниот директор на Tesla, Елон Маск тврдат дека изградбата на дата-центри во вселената би решила многу од овие проблеми. Сепак, некои експерти веруваат дека потенцијалните еколошки последици би можеле да бидат разорни.
