Новиот power bank на Xiaomi со долгото име UltraThin Magnetic Power Bank 5000 15 W има батерија со капацитет од 5.000 mAh во исклучително тенко куќиште.
Xiaomi претстави нов ултратенок power bank кој носи капацитет од 5.000 mAh во куќиште од алуминиумска легура со дебелина од само шест милиметри и тежина од 98 грама.

Имено, и покрај компактните димензии (98,5 × 71,5 × 6 мм), power bank-от може истовремено да полни два уреди – еден безжично и еден преку USB-C приклучок. Безжичното полнење оди до 15 W (Qi2 стандард), додека жичното преку USB-C овозможува побрзо полнење со моќност до 22,5 W.
Сепак, постојат одредени ограничувања при полнењето. Xiaomi 17 може безжично да се полни со целосна моќност од 15 W, но нема вградени магнети, па потребна е магнетна маска. Безжичното полнење функционира и без магнети, но е помалку практично бидејќи батеријата тогаш не се прицврстува магнетски за уредот. iPhone од оваа батерија ќе може да извлече најмногу 7,5 W.

За ладење на батеријата во power bank-от задолжена е графитна плоча со површина од 4.369 mm², а присутна е и заштита од превисок и пренизок напон, како и заштита од прегревање, прекумерна струја и електростатски удар.
Цената за европскиот пазар сè уште не е позната.
