Од 2 до 5 март, MWC 2026 саемот во Барселона ќе биде центар на глобалната мобилна индустрија со премиери, демонстрации и иновации на најголемите технолошки компании.
НИКОЛА БУРАГЕВ
Веб-порталот на технологија, иновации и бизнис – Конект.мк ќе биде единствениот медиум од Македонија, кој секојдневно ексклузивно ќе известува на лице место од јубилејното 20. издание на Светскиот Мобилен конгрес (MWC 2026), кој се одржува од 2 до 5 март во Барселона
Во текот на трите дена, каталонската престолнина повторно ќе биде центарот на глобалната мобилна индустрија. Илјадници компании, стартапи, инвеститори и технолошки лидери се собрани на едно место за да ги претстават најновите уреди, решенија и визии за иднината. Како единствен медиум од Македонија присутен на лице место, Конект.мк ќе ви донесе најважните вести, ексклузивни информации и трендовите што го дефинираат идниот технолошки развој.

Големите брендови традиционално го користат овој настан за глобални премиери и демонстрации. Samsung на својот штанд ќе ја демонстрира визијата за идни AI мрежи, 5G Advanced и подготовките за 6G, паралелно со екосистем од Galaxy уреди што функционираат како поврзана целина. Huawei се фокусира на интелигентни мрежни решенија, cloud инфраструктура и индустриска дигитализација, додека Vivo и Oppo презентираат нови концепти на камери, тенки и флексибилни дизајни и AI алатки што учат од корисничките навики. Атмосферата на самиот саем се очекува да биде динамична – од преполни штандови и интерактивни демонстрации, до панел дискусии со директори на глобални компании, стартап натпревари и иновации што допрва ќе стигнат на пазарот.
На MWC 2026 се очекуваат неколку значајни глобални лансирања. HONOR планира да го претстави својот нов преклопен смартфон Honor Magic V6, како и својот прв хуманоиден робот, еден од најочекуваните моменти на саемот. Xiaomi ќе ги открие Xiaomi 17 и Xiaomi 17 Ultra на глобалниот пазар, при што Xiaomi Pad 8 ќе се појави на истата сцена. Долгоочекуваниот Xiaomi Tag, тежок само 10 грама, ќе биде официјално претставен на 28 февруари, заедно со Redmi Buds 8 Pro. Дополнително, ќе биде претставен и UltraThin Magnetic Power Bank 5000 со капацитет од 5.000 mAh и 15W безжично полнење.
Од друга страна, Vivo ќе го покаже X300 Ultra на MWC, додека Samsung ќе ги презентира своите неодамна лансирани Galaxy S26 серија и Galaxy Buds4 серија, истовремено демонстрирајќи напредни мрежни и сателитски технологии. Под мотото „Advancing All Intelligence“, Samsung ќе ја истакне трансформацијата кон ерата на автономна AI технологија, со нагласок на автономни системи и поврзување од следната генерација.

MWC26 Барселона за 20-та годишнината на настанот, собира глобални лидери и иноватори на ова култно собирање за поврзување. Над 1.700 говорници ќе настапат на 24 сцени ширум MWC, а новитет оваа година се шест различни сесии за нетворкинг, кои овозможуваат директна средба со говорниците. На MWC Main Stage, водечките мисловни лидери ќе учествуваат во инспиративни дискусии, вклучувајќи говорници од Blizzard, Character.AI, OURA, Qualcomm, SpaceX и Starlink, како и актерот, продуцент и претприемач Aaron Paul, и британскиот астронаут од Европската вселенска агенција, Tim Peake.
MWC 2026 повторно ја истакнува иновативната моќ на мобилната индустрија и нејзината улога во обликувањето на иднината, од поврзани уреди и паметни мрежи до напредни технологии што го менуваат секојдневниот живот и работењето.
