До пет нови производи, вклучувајќи MacBook, iPhone 17e и нови модели на iPad и MacBook, ќе бидат претставени од 2 до 4 март“
Извршниот директор на Apple, Тим Кук вчера најави „голема недела“ со најави на нови производи кои започнуваат од понеделник. Објавата дојде со хаштаг #AppleLaunch и кратко видео кое ја прикажува Apple ознаката на капакот од Mac.
Според најавите, Apple ќе претстави до пет нови производи во периодот од 2 до 4 март, меѓу кои се очекуваат поевтин MacBook, iPhone 17e и нови модели на iPad и MacBook со најновите M4 и M5 чипови. Сè уште се очекуваат надградби на Apple TV и HomePod mini, но не е потврдено дали ќе бидат претставени следната недела.

Apple веќе ги покани избрани новинари и креатори на содржини на „Apple Experience“ во Њујорк, Лондон и Шангај на 4 март, каде ќе имаат можност лично да ги тестираат новите производи.
Производите ќе бидат официјално претставени преку соопштенија на Apple Newsroom, без пренос на живо од настанот.

