Надоврзувајќи се на моментумот од Galaxy Unpacked настанот, Samsung ја претставува серијата Galaxy S26 и својата визија за агентскавештачка интелигенција, со подлабоки еко–системски искуства низ Galaxy S серијата и уредите за носење
Барселона, 2. март – Samsung Electronics денес ја претстави својата проширена изложба на Светскиот Конгрес за МобилниТехнологии 2026 (Mobile World Congres – MWC), кој се одржува во Фира Гран Виа во Барселона од 2 до 5 март. Изложбениот простор на “Samsung” се надоврзува на успехот од настанот “Galaxy Unpacked“, надминувајќи ги мобилните уреди и демонстрирајќи како Galaxy AI еволуира во вистински агентскипридружник, нудејќи поперсонализирани, поинтуитивнии беспрекорно поврзани искуства низ целиот Galaxy екосистем. Покрај мобилните иновации, “Samsung” ги истакнува и своите мрежни решенија водени од вештачка интелигенција (ВИ), демонстрирајќи сеопфатно лидерство низ целиот екосистем на поврзување.
Во центарот на оваа еволуција е серијата Galaxy S26, третата генерација AI телефон на “Samsung”, претставена заедно со нови еко–системски иновации како серијата Galaxy Buds4. Со заедничко претставување на овие производи, “Samsung” покажува како Galaxy AI функционира координирано помеѓу мобилните и уредите за носење, предвидувајќи ги потребите на корисниците и подобрувајќи ги секојдневните искуства.

„Светскиот Конгрес за Мобилни Технологии е можност да покажеме не само каде се наоѓа Galaxy AI денес, туку и каде ќе се движи понатаму“, изјави ТМ Рох (TM Roh), Извршен Директор, Претседател и Раководител на дивизијата Искуство со уреди (Device eXperience(DX)) во “Samsung”. „Од серијата Galaxy S26 до нови форм-фактори како Galaxy XR и TriFold, ги поместуваме границите на мобилната технологија, додека корисничкото искуство останува во центарот на секоја иновација.“
Серија Galaxy S26: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега
Серијата Galaxy S26 е телефон со вештачка интелигенција изграден врз перформанси и конструиран за едноставност. Имерзивните искуства на “Samsung” демонстрираат како Galaxy S26 го користи Galaxy AI за да ги поедностави секојдневните задачи преку разбирање на намерата, предвидување на потребите и преземање активности во име на корисниците.

Клучните искуства ги истакнуваат:
o Подобрено Nightography видео: поостри и поживописни снимки во услови на слаба осветленост со подобрена редукција на шум.
Galaxy S26 Ultra, S26+ и S26 се достапни за нарачка во Северна Македонија, започнувајќи од 25 февруари.Заинтересираните може да одберат некој од уредите во виолетова, бела, црна и небесно сина боја.Корисниците кои ќе нарачаат уред од Galaxy S26 серијата ќе можат да искористат ексклузивна поволност: да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB.
Проширување на искуството во Galaxy екосистемот
Присуството на “Samsung” на Светскиот Конгрес на Мобилни Технологии демонстрира дека со подлабока интеграција меѓу производите, Galaxy AI ги подобрува практичноста, континуитетот и персонализацијата во секоја точка на интеракција.
Клучните моменти од презентацијата на екосистемот вклучуваат:
Интелигентна инфраструктура
“Samsung” ја проширува својата стратегија за агентската вештачка интелигенција (agentic AI) надвор од потрошувачките уреди и ја насочува кон интелигентна инфраструктура, проширувајќи го своето лидерство од мобилните иновации кон производство поткрепено со ВИ и поврзано здравје.
Преку својата иницијатива за фабрики поддржани од вештачка интелигенција, “Samsung” ја забрзува својата еволуција кон автономно производство. Надоврзувајќи се на планот за транзиција на глобалните производствени операции во фабрики со вештачка интелигенција до 2030 година, “Samsung”демонстрира како агентите за ВИ, симулациите со дигитални близнаци и анализата на податоци во реално време можат да работат заедно за да го оптимизираат производството, да ја зајакнат контролата на квалитетот и да ја подобрат оперативната отпорност.
“Samsung”, исто така, ја претставува својата визија за Поврзана грижа (Connected Care), дополнително зајакната преку “Xealth” по неговото преземање во 2025 година. Со интегрирање на здравствените метрики низ целиот Galaxy екосистем, “Samsung” ги унапредува способностите на “Samsung Health” за да овозможи попроактивно, персонализирано и континуирано управување со здравјето. На клиничко ниво, “Xealth” им овозможува на здравствените системи да ги интегрираат дигиталните здравствени алатки, програмите за грижа и податоците за пациентите директно во работните процеси на лекарите низ мрежа од стотици болници и добавувачи, овозможувајќи им на клиничарите да препишуваат, следат и управуваат со дигиталната грижа на начин што е во согласност со реалните потреби на пациентите.
Лидерство и иновации од следната генерација
Зајакнувајќи го своето наследство во дизајнот, “Samsung” претставува визија насочена кон иднината за нови форми на уреди (form factors) и технологии во подем, нагласувајќи ја својата долгорочна посветеност на поместување на границите на иновациите. Преку ексклузивни искуства во живо со Galaxy XR и Galaxy TriFold, посетителите ќе видат како “Samsung”продолжува да ја води индустријата во ерата на мобилната вештачка интелигенција (Mobile AI).
Компанијата, исто така, ја истакнува иницијативатаGalaxy Фондација (Galaxy Foundation), потенцирајќи ја својата посветеност на приватноста, безбедноста, одржливоста и одговорниот развој, вклучувајќи го и напредокот во “Samsung Knox” и заштитната технологија базирана на хардвер.
Проширување на сателитската поврзаност преку регионални партнерства
“Samsung” ги проширува можностите за сателитска комуникација за избрани Galaxy смартфони вклучувајќија и серијата Galaxy S26, преку тековни партнерства со водечки глобални телекомуникациски оператори во Северна Америка, Европа и Јапонија. Дизајнирани да поддржат итни реакции и суштинска комуникација кога традиционалните мобилни мрежи не се достапни, “Samsung” поддржува сателитска комуникација на одредени Galaxy водечки смартфони и на серијата Galaxy A уште од 2025 година, континуиранопроширувајќи го бројот на поддржани модели.
Со оглед на тоа што овие можности се воведуваат во фази врз основа на регионалната достапност на мрежата и регулаторните барања, “Samsung” ќе продолжи да соработува со мрежните оператори и сателитските провајдери за да им овозможи на корисниците сигурен пристап до критичните комуникациски алатки во клучни моменти.
Посетителите ќе може да ги погледнат овие иновации со вештачка интелигенција во рамки на штандот на “Samsung“ со Galaxy Искуство во сала 3 во Фира Гран Виа од 2 до 5 март.

Визијата за AI на бизнисот со мрежи: Внесување на вештачката интелигенција во секој слој на мрежата
Надоврзувајќи се на лидерството на компанијата во областа на вештачката интелигенција низ различни деловни портфолија, “Samsung” ја предводи иницијативата за “end-to-end“ софтверски управувани мрежи. Преку обезбедување на флексибилна основа која беспрекорно ги прифаќа компјутерските платформи со високи перформанси (CPU и GPU) од водечките партнери во екосистемот, “Samsung” им овозможува на операторите брзо да имплементираат способности водени од ВИ и да ги прошират иновативните услуги. Овој пристап фокусиран на софтвер покрај тоа што ја оптимизира ефикасноста и перформансите на мрежата, исто така им овозможува на операторите да ја трансформираат својата постоечка инфраструктура во моќен мотор за иновациина ВИ.
“Samsung” ја забрзува транзицијата кон мрежи кои ќе бидат целосно автономни до 2027 година. Централно место во оваа визија зазема “Samsung CognitiV NetworkOperations Suite” (NOS), збир на различни решенија за мрежна автоматизација базирани на вештачка интелигенција, кои ја вклучуваат технологијата “AgentFabric“. Како обединет слој за интелигентно одлучување, “Agent Fabric“ поддржува системи со повеќе агенти (multi-agent systems) каде специјализирани агенти за ВИ работат независно или колективно врз основа на нивното резонирање. Овие агенти го поедноставуваат целиот животен циклус, од планирање и инсталација до одржување, решавање проблеми, оптимизација и управување со корисничкото искуство. Демонстрации во живо на овие системи со повеќе агенти ќе бидат претставени на самиот настан.
“Samsung”, исто така, ќе ја открие моќта и потенцијалот на мрежа во сервер (Network in a Server), софтверски управувано “edge AI” решение од следната генерација, кое создава нови деловни можности за претпријатијата. Преку консолидирање на повеќе мрежни функции во еден единствен сервер напојуван од најновите процесори, претпријатијата можат лесно да прифатат услуги од ВИ, како што се безбедносен мониторинг и преклопувања со изменета реалност (AR), кои бараат локална обработка за одговор во реално време.
Samsung Networks штандот се наоѓа во Хала 2(штанд 2M20) и е достапен само со покана.

