Huawei ја претстави својата визија за иднината под слоганот „Now Is Yours“, а во фокусот беа паметни телефони, компјутери, таблети, часовници и слушалки, како и низа технолошки иновации.
Известува: НИКОЛА БУРАГЕВ
БАРСЕЛОНА – На овогодинешниот Mobile World Congress (MWC 2026), еден од најзначајните глобални технолошки настани, Huawei ја претстави својата визија за иднината под слоганот „Now Is Yours“. Во фокусот беа паметни телефони, компјутери, таблети, часовници и слушалки, како и низа технолошки иновации што овозможуваат непречен премин и работа меѓу различни уреди, со целосно интегрирано корисничко искуство.
Компанијата ги претстави најновите достигнувања во областа на преклопливите екрани, мобилната фотографија, здравјето и фитнесот, како и унапредувања во доменот на продуктивноста и креативноста, потврдувајќи ја својата посветеност кон развој на дигитален екосистем што одговара на современите потреби на корисниците.

„Your Intelligent World“ – продуктивност без компромис
Во рамките на зоната „Your Intelligent World“, Huawei демонстрираше како паметната технологија може да ја унапреди секојдневната работа и креативност. Новата генерација таблети, придвижувани од оперативниот систем HarmonyOS, овозможува користење на целосни верзии на канцелариски апликации како WPS, со што се постигнува ниво на продуктивност споредливо со компјутерите. На тој начин, во комбинација со апликацијата HUAWEI Notes, на корисниците им се овозможува лесно бележење идеи, соработка и професионална организација на содржини – каде било и кога било.
Посебно внимание привлече PaperMatte екранот, кој нуди јасен и пријатен приказ со искуство на пишување и цртање слично на хартија. На саемот премиерно беше претставен и HUAWEI MatePad Mini – 8,8-инчен компактен таблет од премиум класа, кој ги спојува преносливоста и напредните интелигентни функции.
Во сегментот на паметни телефони беше истакната новата Mate 80 серија, со моќни AI функции што го персонализираат корисничкото искуство и ја унапредуваат интеракцијата. Посебни презентации ја прикажаа и софистицираната конструкција на преклопливите уреди како моделот Mate X7, со унапредена шарка и екран што поставуваат нови стандарди во индустријата.

„Energize Your Life“ – технологија во служба на здравјето
Зоната „Energize Your Life“ беше посветена на фитнесот и здравјето, со интерактивни демонстрации на носливи уреди во симулирани реални сценарија.
По тој повод беше претставена HUAWEI WATCH GT 6 серијата, со напредни метрики за велосипедизам, како и HUAWEI WATCH GT Runner 2 со интелигентен маратонски режим, кој обезбедува поддршка низ сите фази на трчањето – од подготовка до анализа по трката.
Моделите HUAWEI WATCH 5 и HUAWEI WATCH D2 демонстрираа сеопфатен пристап кон управување со здравјето, преку практично следење параметри и проактивни потсетници, нудејќи им на корисниците целосно решение за грижа за сопствената благосостојба.
„Explore Yourself“ – креативност без граници
Во зоната „Explore Yourself“, посетителите имаа можност да ја испробаат апликацијата Huawei GoPaint, која благодарение на интуитивниот интерфејс и богатата библиотека со алатки, им овозможува на сите корисници да ја изразат својата креативност на професионално ниво.

Исто така, за љубителите на мобилната продукција, Huawei претстави унапредувања во рамките на XMAGE технологијата, со посебен фокус на видео-можностите на моделот Huawei Mate 80 Pro. Неговиот исклучително висок динамички опсег, прецизната репродукција на бои, напредните телефото макро и slow-motion опции им овозможуваат на корисниците секојдневните моменти да ги забележат со професионален квалитет.
Слоганот „Now Is Yours“ симболизира нова фаза во развојот на паметниот живот, во која технологијата и корисникот се во целосна хармонија. Huawei останува посветен на континуирани иновации и развој на интегрирани, сеопфатни решенија што им овозможуваат на корисниците ширум светот да истражуваат, создаваат и ги зачуваат најубавите моменти и во 2026 година.
