Realme Narzo Power носи батерија од 10.001 mAh, Dimensity 7400 Ultra чип, 144 Hz AMOLED екран и 80 W полнење по цена од околу 300 евра
Батериите во паметните телефони од година во година стануваат сè поголеми, без разлика дали станува збор за flagship уреди или модели од средната класа. Откако Honor ја подигна летвичката со WIN серијата телефони која користи батерии од 10.000 mAh, сега и Realme се приклучува на овој тренд. Компанијата го претстави новиот Realme Narzo Power, телефон кој доаѓа со огромна батерија со капацитет од 10.001 mAh.
Новиот модел располага со 6,8-инчен AMOLED екран со резолуција од 2800 × 1280 пиксели, со поддршка за HDR10+ и 144 Hz стапка на освежување. Максималната осветленост на екранот достигнува дури 6.500 нити, додека заштитата ја обезбедува Corning Gorilla Glass 7i. Уредот исто така има IP66, IP68 и IP69 сертификати за отпорност на вода и прашина.
Realme Narzo Power со батерија од 10.001 mAh
Телефонот го придвижува MediaTek Dimensity 7400 Ultra SoC, заедно со дополнителен HyperVision+ AI чипнаменет за подобрување на графиката и перформансите во игрите. Меѓу достапните функции се AI Hyper Stable Frame, AI Hypermotion и AI Hyper Clarity, кои ја подобруваат стабилноста на фрејмрејтот и квалитетот на приказот при играње.

Realme Narzo Power ќе биде достапен со 8 GB RAM и опција од 128 GB или 256 GB простор за складирање. Кога станува збор за камерите, уредот користи главна камера од 50 мегапиксели со OIS стабилизација и ултраширок сензор од 8 мегапиксели. Предната камера има резолуција од 16 мегапиксели.
Телефонот работи на Android 16 со Realme 7.0 кориснички интерфејс, а компанијата ветува три години надградби на оперативниот систем и четири години безбедносни ажурирања. Димензиите на уредот изнесуваат 162,26 × 76,15 × 9,08 mm, додека тежината од 219 грама останува релативно умерена со оглед на исклучително големиот капацитет на батеријата.
Главната предност на уредот е токму батеријата од 10.001 mAh, значително поголема од повеќето денешни паметни телефони, вклучувајќи и флегшип модели. Поддржано е 80 W брзо полнење, кое според производителот овозможува батеријата да се наполни до 50% за само 36 минути. Телефонот поддржува и 27 W реверзно полнење, па може да служи и како преносен извор на енергија за други уреди.
Realme Narzo Power доаѓа во Titan Silver и Titan Blue бои. Цената на моделот со 8 GB RAM и 128 GB меморијаизнесува околу 300 евра, додека верзијата со 256 GB интерна меморија чини приближно 330 евра

