Веб-порталот за технологија, иновации и бизнис – Конект.мк донесува ексклузивна видео репортажа од 20. јубилејно издание на најголемиот светски технолошки настан MWC 2026, каде фокусот беше на најновите мобилни уреди, вештачката интелигенција, 5G Advanced мрежите и иднината на мобилните технологии
НИКОЛА БУРАГЕВ
Светскиот мобилен конгрес MWC 2026, кој од 2 до 5 март се одржа во Барселона, уште еднаш го потврди својот статус на најголем глобален настан за мобилни технологии и дигитални иновации. На јубилејното 20. издание, кое се одржа во импресивниот изложбен комплекс Fira Gran Via, присуствуваа водечки технолошки компании, стартапи, инвеститори и експерти од целиот свет. Порталот Конект.мк беше единствениот медиум од Македонија кој ексклузивно известуваше директно од Барселона, носејќи им на читателите и на бизнис заедницата увид во најважните технолошки трендови и иновации претставени на саемот.

Атмосферата на саемот беше исклучително динамична – од преполни штандови и интерактивни демонстрации, до панел дискусии со директори на глобални компании и презентации на технологии што допрва ќе го трансформираат дигиталното општество. Фокусот на овогодишното издание беше на интеграцијата на мобилните технологии со вештачката интелигенција, развојот на 5G Advanced и подготовките за 6G мрежите, како и на растечката улога на роботиката и IoT системите во индустријата. Подолу можете да ја погледнете видео репортажата на Конект.мк од Мобилниот конгрес во Барселона, која нуди автентичен поглед на атмосферата и најважните моменти од MWC 2026.



