Иако OnePlus 15T сè уште не е потврден за европскиот пазар, би можел да биде интересен за оние кои бараат моќни, компактни смартфони со голем капацитет на батерија.
OnePlus 15T доаѓа како директен наследник на OnePlus 13T од минатата година, со значителни надградби, но ги задржува компактните димензии – што ќе им се допадне на корисниците на кои стандардниот OnePlus 15 им е преголем.
Телефонот има 6,32-инчен AMOLED екран со резолуција 1.216 × 2.640 и освежување од 165 Hz, што е корисно особено за гејминг. Максималната осветленост достигнува дури 3.600 нити. Во екранот се вградени предната камера од 16 MP и ултразвучен читач за отпечаток од прст.

Подобрена е и заштитата од вода и прашина со IP68/IP69K сертификати, што значи дека уредот може да издржи силни млазови топла и ладна вода под висок притисок, како и потопување до 1,5 метри длабочина до 30 минути (во слатка вода).
Уредот го напојува најновиот чип на Qualcomm, Snapdragon 8 Elite Gen 5, комбиниран со до 16 GB RAM и до 1 TB брза меморија. Со вакви спецификации, перформансите – и за игри и за потешки задачи – не би требало да бидат проблем.
OnePlus останува со конфигурација од две камери од 50 MP. Главната користи Sony сензор со оптичка стабилизација (OIS), додека телефото камерата нуди 3,5x оптички зум и до 7x зум без губење квалитет. Поддржано е снимање видео во 8K при 60 fps и 4K при 120 fps, со Dolby Vision.

Она што особено се истакнува е батеријата од 7.500 mAh со 100W жично и 50W безжично полнење. Софтверски, уредот работи на ColorOS 16 базиран на Android 16, со дополнителни AI функции од Oppo.
Засега, OnePlus 15T не е официјално потврден за пазарите надвор од Кина, но постои реална можност да се појави во Европа под друго име. Почетната цена во Кина изнесува околу 625 долари.

