Седиштето на новата, заедничка компанија ќе биде во Токио, а почетокот на работата е планиран за април 2027 година.
По потпишувањето на необврзувачки договор во јануари за издвојување на својот ТВ-бизнис, Sony овој петок официјално објави дека TCL ќе плати околу 75,4 милијарди јени (повеќе од 435 милиони евра) за 51% удел во новата заедничка компанија Bravia Inc., додека Sony ќе ги задржи преостанатите 49%.
Новата компанија ќе го преземе бизнисот на Sony во домашната забава, вклучувајќи истражување и развој, дизајн, производство и поддршка за телевизори, екрани, проектори, како и аудио и домашни кино решенија. Седиштето на Bravia Inc. ќе биде во Токио, а почетокот на работа е планиран за април 2027 година.

Во рамки на партнерството, производството ќе продолжи да се одвива под брендовите Sony и Bravia, но со потпирање на технологијата за екрани на TCL, производствените капацитети и глобалниот синџир на снабдување. Ова, барем теоретски, би можело да доведе и до пониски цени на финалните производи.
Вишиот потпретседател на Sony, Kenji Tanaka, истакна дека целта на партнерството е да се обезбеди дополнителна вредност за корисниците и да се поттикне понатамошен раст во сегментот на домашна забава.
Како дел од договорот, TCL ќе ја преземе и производствената подружница на Sony во Малезија, додека преговорите за дополнителни аквизиции сè уште се во тек.



